Bosch Professional GSS 140-1 A Original Instructions Manual page 122

Orbital sander
Hide thumbs Also See for Professional GSS 140-1 A:
Table of Contents

Advertisement

122 | Македонски
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Сопствено всисување со кутија за прав (види слики
G–J)
Ставете ја кутијата за прав (2) на млазниците за
издувување (14).
Нивото на наполнетост на кутијата за прав (2) може лесно
да се контролира преку транспарентниот резервоар.
За да ја испразните кутијата за прав (2) извлечете ја со
лесно вртење наназад.
Одвртете го елементот за филтер (15) од кутијата за прав
(2). Испразнете ја кутијата за прав.
Лесно тропнете со филтерот (15) на цврста подлога, за да
падне правта. Исчистете ги ламелите на филтерот (15) со
мека четка.
Напомена: За да овозможите оптимално всисување на
прав, редовно празнете ја кутијата за прав (2) и редовно
чистете го филтерот (15).
При работа на вертикални површини, држете го
електричниот алат така што кутијата за прав (2) ќе
покажува надолу.
Надворешно всисување (види слика K)
Ставете го цревото за вшмукување (16) (опрема) на
млазниците за издувување (14). Поврзете го цревото за
всисување (16) со всисувач за прав (опрема).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
При работа на вертикални површини, држете го
електричниот алат така што цревото за всисување ќе
покажува надолу.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат, навалете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (1) надесно
во позиција „I".
За исклучување на електричниот алат, навалете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (1) налево во
позиција „O".
1 609 92A 4AD | (03.11.2020)
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Почекајте додека електричниот алат сосема не
u
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Капацитетот на отстранување при брусењето во главно се
одредува преку изборот на брусен лист.
Само беспрекорните брусни листови може да придонесат
за добар капацитет на брусење и одржување на
електричниот алат.
Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го
зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.
Прекумерното зголемување на притисокот врз
површината не води кон зголемен капацитет на брусење,
туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и
брусниот лист.
Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го
користете за други материјали.
Користете само оригинална Bosch брусна опрема.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Professional gss 160-1 aProfessional gss 160-1 a multi06012a2300

Table of Contents