Bosch Professional GSS 140-1 A Original Instructions Manual page 121

Orbital sander
Hide thumbs Also See for Professional GSS 140-1 A:
Table of Contents

Advertisement

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Монтирање на основната плоча (GSS 160-1 A
Multi) (види слика A)
Целосно одвртете ги 4-те завртки (8). Поставете ја
соодветната основна плоча и повторно затегнете ги
завртките.
Замена на брусната плоча (види слика A)
Брусната плоча (6) може да се замени по потреба.
Целосно одвртете ги 4-те завртки (8) и извадете ја
брусната плоча (6). Поставете ја новата брусна плоча (6)
и повторно затегнете ги завртките.
Менување на брусните листови
Пред да ставите нов брусен лист, отстранете ги
нечистотијата и правта од брусната плоча (6), на пр. со
четкичка.
За овозможување на оптимално всисување на прав,
внимавајте на тоа, отворите на брусниот лист да
одговараат со отворите на брусната плоча.
Брусни листови со леплива лента (види слика B)
Ако брусната плоча (6) е опремена со леплива лента,
брусните листови можете брзо и едноставно да ги
прицврстите со лепливата лента.
Истресете ја леплива лента од брусната плоча (6) пред да
ја наместите на брусниот лист (9), за да овозможите
добро слепување.
Брусниот лист (9) ставете го израмнето на едната страна
од брусната плоча (6), потоа поставете го брусниот лист
на брусната плоча и притиснете го добро.
За вадење на брусниот лист (9) фатете го за врвот и
извлечете го од брусната плоча (6).
Брусни листови без леплива лента (види слики C–E)
❶ Олабавете го затезниот стремен (11) од механизмот
за фиксирање и навалете го надолу.
❷ Вметнете го брусниот лист (9) под задниот
терминален блок (10). Внимавајте брусниот лист (9)
да не е прекраток и да биде правилно прицврстен.
Навалете го затезниот стремен (11) назад во
излезната позиција и фиксирајте го таму.
❸ Брусниот лист поставете го цврсто околу брусната
плоча(6). Прицврстете го предниот дел на брусната
плоча под предниот терминален блок (12).
Внимавајте брусниот лист (9) да не е прекраток и да
Bosch Power Tools
биде правилно прицврстен. Навалете го затезниот
стремен (11) назад во излезната позиција и
фиксирајте го таму.
Неиздупчените брусни листови, на пр. материјали во
ролни или метарски материјали, може да ги издупчите со
алатот за дупчење (13) за всисување на прав.
Електричниот алат со монтиран брусен лист притиснете
го на алатот за дупчење (види слика F).
За да го извадите брусниот лист (9) олабавете ги двата
затезни стремени (11) и извлечете го брусниот лист од
неговиот држач.
Избор на лист за брусење
Во согласност со материјалот што се обработува и обемот
на стругање, на располагање ви се различни брусни
листови:
За обработка на сите дрвени материјали
За претходно брусење, на пр. за
груби нерендани греди и даски
За рамно брусење и израмнување
на мали нерамнини
За завршно и фино брусење на
цврсти дрва
За обработка на обоени/лакирани слоеви
одн. подлоги, како маса за полнење и
шпахтел маса
За брусење на боја
За брусење на основната боја
За крајно брусење на основната
боја пред лакирање
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Македонски | 121
Гранулација
40 – 240
грубо
40, 60
среден 80, 120
фино
180, 240
40 – 240
грубо
40, 60
среден 80, 120
фино
180, 240
1 609 92A 4AD | (03.11.2020)

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Professional gss 160-1 aProfessional gss 160-1 a multi06012a2300

Table of Contents