Извршување На Почетното Поставување; Користење На Тв-Контролор - Samsung Q90T User Manual

Qled
Hide thumbs Also See for Q90T:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
04 Извршување на почетното поставување
Кога за прв пат ќе го вклучите вашиот телевизор, тој веднаш ќе го активира почетното поставување.
Почетното поставување ви овозможува да ги конфигурирате основните поставки според кои ќе
функционира телевизорот, како што се прием на емитувања, пребарување канали и мрежна врска.
• Пред да започнете со почетното поставување, прво треба да поврзете надворешни уреди.
• За да ги користите паметните функции на телевизорот, телевизорот мора да биде поврзан на интернет.
• За да извршите почетно поставување со помош на апликацијата SmartThings мора да го поврзете
мобилниот уред преку Wi-Fi.
• Ако прозорецот за поставување не се појави автоматски во апликацијата SmartThings на мобилниот
уред, продолжете со поставувањето рачно откако ќе го додадете телевизорот со Додај уред на
контролната табла на апликацијата SmartThings.
• Апликацијата SmartThings е достапна за мобилни уреди со Android 6.0 или понова верзија, како и за
уреди со iOS 10 или понова верзија.
• Кога телевизорот комуницира со мобилните уреди, на телевизорот може привремено да се појави шум.
Почетното поставување може да го активирате и преку менито на телевизорот (
Општо > Ресетирај).
Следете ги инструкциите што се прикажуваат на екранот за почетно поставување и конфигурирајте ги
основните поставки на телевизорот според опкружувањето во кое го користите.
Користење на ТВ-контролор
Користете го ТВ-контролор, што се наоѓа на долната страна на телевизорот, наместо далечинскиот
управувач за да ги контролирате повеќето функции на телевизорот. Кога гледате телевизија, со
притиснување на копчињата за насочување нагоре и надолу на ТВ-контролор може да менувате канали, а
со притиснување на копчињата за насочување лево и десно може да ја прилагодувате јачината на звукот.
Притиснете го копчето
За да активирате некој елемент од менито, искористете ги копчињата за насочување на ТВ-контролор за
да го поместите означувањето врз тој елемент, а потоа притиснете го копчето
• Екранот може да се затемни доколку не ја отстраните заштитната фолија на логото SAMSUNG или на
долната страна на телевизорот. Ве молиме отстранете ја заштитната фолија.
на ТВ-контролор за да го прикажете менито за контрола.
ТВ-контролор / Сензор за далечинскиот управувач
• Притиснете го копчето
Мени за контрола. Избирање или активирање на означениот
елемент во менито.
• Притиснете и задржете го копчето
се исклучува
• Копче за нагоре/надолу: Менување на канали.
• Копче за лево/десно: Овозможува менување на јачината на звукот.
ТВ-контролор се наоѓа на долната страна на телевизорот.
>
на ТВ-контролор.
Мени за контрола
: Smart Hub
: Извор
: Поставув.
: Исклучи
: Врати
: Овозможува прикажување на
: Активната функција
Поставување >
Македонски - 13

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents