Samsung GS89F User Manual page 100

Hide thumbs Also See for GS89F:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 181
ПОДГРЕВАЊЕ
Микробрановата печка ќе ја загрее храната за многу пократко време од
стандардниот шпорет.
Користете ниво на јачина и време за подгревање согласно упатствата од
табелата. Времињата во табелата се однесуваат на течности на собна
температура од +18 до +20 °C или изладена храна на температура од +5 до
+7 °C.
Распоредување и покривање
Избегнувајте да подгревате големи парчиња месо – тие може премногу
да се испечат на надворешниот слој без да се загрее внатрешниот дел.
Подгревањето на мали парчиња може да биде поуспешно.
Нивоа на јачина и промешување
Некоја храна може да се подгрева со јачина од 800 W додека друга со
јачина од 600 W, 450 W или дури 300 W.
Ако ви треба помош, проверете во табелите. Генерално, подобро е да се
подгрева храната со помала јачина, доколку таа е деликатна, во поголема
количина или се загрева многу брзо (на пр. овошни колачи).
Добро промешувајте или вртете ја храната за време на подгревањето за
најдобри резултати. Кога е можно, промешајте повторно пред сервирање.
Внимавајте кога загревате течности и храна за бебиња. Заради заштита
од превривање и можни изгореници, промешајте пред, за време и по
загревањето. Чувајте ги во печката за да отстојат. Ви препорачуваме
да ставите пластична или стаклена лажица во течностите. Избегнувајте
прегревање (а со тоа и намалување на квалитетот) на храната.
Подобро е да предвидите пократко време на готвење и доколку е потребно
да додадете дополнително време.
Време на греење и стоење
Кога првпат подгревате храна забележете го потребното време – може да
ви користи во иднина.
Секогаш проверете дали храната што ја подгревате е рамномерно
стоплена.
Дозволете храната да постои одредено време по подгревањето - за да се
изедначи температурата.
Се препорачува време на стоење од 2-4 минути, освен ако не е поинаку
прикажано во табелата.
Внимавајте кога загревате течности и храна за бебиња. Погледнете го делот
за безбедносни мерки.
GS89F_BOL_03817F-MK.indd 28
ПОДГРЕВАЊЕ ТЕЧНОСТИ
Секогаш оставете време од 20 секунди откако печката ќе се исклучи
за да може температурата да се изедначи. Промешајте за време
на загревањето, доколку е потребно, и СЕКОГАШ промешајте по
загревањето. Заради заштита од превривање и можни изгореници,
ставете пластична лажица или стаклена прачка во пијалаците и
промешајте пред, за време и по загревањето.
ПОДГРЕВАЊЕ ХРАНА ЗА БЕБИЊА
ХРАНА ЗА БЕБИЊА: Истурете ја во длабок керамички сад. Покријте
со пластичен капак. Промешајте добро по загревањето!
Нека отстои 2-3 минути пред сервирањето. Промешајте повторно и
проверете ја температурата.
Препорачлива температура за сервирање: помеѓу 30-40 °C.
МЛЕКО ЗА БЕБИЊА: Истурете го млекото во стерилно стаклено
шише. Не покривајте. Никогаш не загревајте го шишето заедно со
цуцлата, доколку се прегрее може да експлодира. Добро протресете
пред да отстои и повторно пред да сервирате! Секогаш внимателно
проверете ја температурата на млекото или храната пред да ја дадете
на бебето. Препорачлива температура за сервирање: околу 37 °C.
ЗАБЕЛЕШКА: Храната за бебиња мора внимателно да се провери
пред употребата за да не се изгори бебето.
Употребете јачина и време од следната табела како упатство за
подгревање.
28
2011-02-14
1:36:36

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Gs89f-sp

Table of Contents