Skil 2320 Origiman Instructions page 115

Cordless drill/driver
Table of Contents

Advertisement

Изложувањето на оган или температура над 130°C
може да предизвика експлозија.
g) Следете ги сите инструкции за полнење и не
го полнете комплетот со батерии или алатот
надвор од температурниот опсег наведен во
инструкциите. Неправилното полнење или на
температура надвор од наведениот опсег може да
ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од
пожар.
6) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
b) Никогаш не поправајте оштетени комплети со
батерии. Поправката на комплети со батерии треба
да ја врши само производителот или овластен
сервис.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА АКУМУЛАТОРСКИ
ДУПЧАЛКИ/ОДВРТУВАЧКИ
ЛИЧНА ЗАШТИТА
Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со прашината
или нејзиното вдишување може да шредизвика
алергии и/или болести на дишните органи за оној
кој работи со алатот или луѓето во близина); носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Некои видови на прашина се канцерогени (како
на пример прашината од даб или бука), особено
заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
При промена на приборот, пренесување или
прибирање на алатот, задолжително поставете го
прекинувачот E 2 во средна позиција (заклучено)
ПРИБОР
SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен оригинален прибор
Користете само прибор чија дозволена брзина е во
најмала рака еднаква на најголемата брзина при
празен од на електричниот алат
ПРЕД УПОТРЕБА
Секогаш проверувајте го напонот на плочката со
податоци за типот на полначот
Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете ги
пред да почнете со работа
Користете соодветни детектори за наоѓање на
скриени инсталации или повикајте соодветна
компанија за помош (контактот со електричните
линии може да доведе до струен удар; оштетувањата
во гасоводна цевка може да резултира со експлозија;
пенетрирање во водоводна инсталација може да
доведе до оштета на предмети или електричен удар)
Зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во
менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
Држете го алатот за изолираните површини
за зафаќање кога извршувате работа при која
што дополнителната опрема за сечење или
прицврстување може да дојде во контакт со
сокриените жици (ако дополнителната опрема за
сечење и прицврстување дојдат во контакт со жица
под напон може да ги електрифицираат металните
делови на алатот и да предизвикаат електричен удар
на операторот)
Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, апаратот треба веднаш да се исклучи и да се
извлече приклучникот од мрежната приклучница
ПОЛНЕЊЕ/АКУМУЛАТОРСКА БАТЕРИЈА
Користете само полначот на SKIL 2610S00110 /
2610S00111 / 2610Z06565 / 2610Z06567 со овој алат
• Овој полнач може да го
користат деца над 8 години
како и лица со намалени
физички, сензорни и
ментални способности
или недоволно искуство
и знаење, доколку се под
надзор од лица одговорни
за нивната безбедност или
се подучени за безбедно
ракување со полначот и ги
разбираат опасностите кои
може да произлезат поради
тоа (инаку постои опасност од
погрешна употреба и повреди)
• Не ги оставајте децата без
надзор (така ќе се осигурате
дека децата нема да си играат
со полначот)
• Не ги оставајте децата
без надзор за време на
чистењето или одржувањето
на полначот
Не изложувајте го алатот/полначот на дожд
Не полнете ја батеријата на влажни или мокри места
Оштетените полначи не ги пуштајте во работа; за
таа цел треба да се предаде апаратот и полначот во
овластениот SKIL сервис
Полначот не треба понатаму да се користи ако е
оштетен кабелот или приклучникот, туку веднаш
да се замени кабелот во овластен SKIL сервис или
мрежната приклучница
115

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

2330

Table of Contents