Huawei KLVL-WDH9 Quick Start Manual page 29

Hide thumbs Also See for KLVL-WDH9:
Table of Contents

Advertisement

Компјутерот има вградена батерија на полнење и може да ја полните со користење на адаптерот и кабелот
за полнење што е доставен со него. Показателот трепка во бела боја текот на полнењето.
Принудно исклучување: притиснете го и задржете го копчето за вклучување/исклучување подолго од 10
секунди. Имајте предвид дека тоа ќе предизвика губење на сите незачувани податоци.
Информации за безбедност
За да спречите можно оштетување на слухот, не слушајте долг временски период со голема
јачина на звукот.
• Консултирајте се со доктор и со производителот на уредот за да определите дали користењето на
уредот може да влијае врз работата на вашиот медицински уред.
• Не користете го уредот на места каде што има прашина, влага или нечистотија, или во близина на
магнетно поле.
• Идеални температури: од 0°C до 35°C за работа, -10°C до +45°C за чување.
• При полнење, адаптерот треба да биде вклучен во штекер во близина што е лесно достапен. Користете
одобрени адаптери за напојување и полначи.
• Исклучете го полначот од електричниот штекер и од уредот ако уредот не се користи долго време.
• Чувајте ја батеријата подалеку од оган, прекумерна топлина и директна сончева светлина. Не ставајте ја
на или во уреди за затоплување. Не расклопувајте ја, не изменувајте ја, не фрлајте ја и не гмечете ја. Не
ставајте туѓи тела во неа, не потопувајте ја во течности и не изложувајте ја на надворешна сила или
притисок бидејќи тоа може да предизвика истекување, прегревање и запалување, па дури и да
експлодира.
• Не обидувајте се да ја заменувате батеријата самостојно – може да ја оштетите батеријата, а тоа може
да предизвика прегревање, пожар и повреда. Сервисирањето на вградената батерија во вашиот уред
треба да го врши Huawei или овластен давател на услуги.
Информации за фрлање и рециклирање
Симболот на производот, батеријата, литературата или амбалажата значат дека производите и
батериите треба да се однесат во посебни места за собирање отпад одредени од локалните власти по
крајот на работниот век. На тој начин ќе се обезбеди дека отпадот од електричната и електронската
опрема ќе се рециклира и ќе се третира на начин што ги зачувува вредните материјали и го заштитува
здравјето на луѓето и околината. За повеќе информации, контактирајте со локалните власти, продавачот
или службата за фрлање на отпадот од домаќинствата или посетете ја веб-локацијата
https://consumer.huawei.com/en/.
Информации за изложеност на радиофреквенции
За земји што го прифаќаат ограничувањето за SAR од 2,0 W/kg над 10 грама ткиво. Уредот ги исполнува
спецификациите за RF кога се користи растојание од 0,0 cm од телото. Највисока пријавена вредност на
SAR: SAR на тело: 0,84 W/kg.
Усогласеност со прописите на ЕУ
Ние, Huawei Device Co., Ltd. изјавуваме дека овој уред KLVL-WDH9/KLVL-WFH9/KLVL-WFE9 е во согласност со
следниве Директиви: RED 2014/53/ЕУ, RoHS 2011/65/ЕУ, ErP 2009/125/EЗ. Целиот текст на Декларацијата за
усогласеност за ЕУ, деталните информации за ErP и најновите информации за додатоци и софтвер се
достапни на следнава интернет-адреса: https://consumer.huawei.com/certification.
Ограничувања во опсегот од 5 GHz:
Фреквентниот опсег од 5150 до 5350 MHz е ограничен само на употреба во затворен простор во следниве
земји: AT, BE, BG, CH, CY, CZ, DE, DK, EE, EL, ES, FI, FR, HR, HU, IE, IS, IT, LI, LT, LU, LV, MT, NL, NO, PL, PT, RO, SE,
SI, SK, TR, UK.
Фреквентни опсези и моќност
Wi-Fi 2.4G:20 dBm, Bluetooth:20 dBm, Wi-Fi 5G: 5150-5350MHz:23 dBm, 5470-5725MHz:23dBm, 5725-5850MHz:
14dBm
Трговски марки и дозволи
На компјутерот е претходно инсталиран оперативен систем од друг производител или не се претходно
инсталирани никакви системи. Трговската марка на оперативниот систем од другиот производител му
припаѓа на соодветниот друг производител. На пример, „Microsoft" и „Windows" се трговски марки на
Microsoft.
25

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents