Bosch Quigo Green Original Instructions Manual page 206

Hide thumbs Also See for Quigo Green:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 16
206 | Македонски
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или
u
температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во
автомобилот. При големи температурни осцилации, оставете го
мерниот уред прво да се аклиматизира, пред да го ставите во
употреба. При екстремни температури или температурни осцилации,
прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. Доколку се
u
оштети мерниот уред, може да се наруши прецизноста. По тежок пад
или удар, споредете ги ласерската линија за контрола со познатата
хоризонтална или вертикална референтна линија.
Исклучете го мерниот уред за време на транспортот. При
u
исклучувањето, се блокира осцилирачката единица, која би се
оштетила при интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред, притиснете на прекинувачот за
вклучување/исклучување (4) нагоре. Веднаш по вклучувањето,
мерниот уред пушта две ласерски линии од излезниот отвор (5).
За исклучување на мерниот уред, притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (4) надолу над излезниот отвор за
ласерот (5).
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го
u
по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот
зрак.
Автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога,
прицврстете го на држачот (16) или на стативот (6). За да се работи со
автоматика за нивелирање, мора долната страна на мерниот уред да
биде хоризонтална и прифатот на стативот (8) да биде насочен надолу.
По вклучувањето, автоматиката за нивелирање автоматски ги
израмнува нерамнините во полето на самонивелирање од ±4°.
Нивелирањето е завршено штом ласерските линии не трепкаат повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр. бидејќи долната
страна на мерниот уред отстапува повеќе од 4° од хоризонталата или
мерниот уред се држи слободно во рака, тогаш ласерските линии
постојано трепкаат брзо и мерниот уред работи без автоматика за
нивелирање. Ласерските линии остануваат вклучени, а двете вкрстени
1 609 92A 64W | (11.12.2020)
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents