AEG ACS18B30 Original Instructions Manual page 253

Hide thumbs Also See for ACS18B30:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
на мечот), голема е можноста синџирот да се откачи ако не е
правилно затегнат.
Уред за кочење
Уредот за кочење е наменет за брзо запирање на ротирањето
на синџирот. Кога рачката на кочницата/штитникот за рака се
притиска кон мечот, синџирот треба веднаш да застане. Уредот
за кочење не спречува појава на повратен удар. Тој само го
намалува ризикот од повреда доколку мечот дојде во контакт
со телото на ракувачот при појава на повратен удар. Уредот
за кочење треба да се тестира пред секоја употреба за да се
види дали правилно работи и во работна позиција и во позиција
за кочење.
Држач на синџирот
Држачот на синџирот го спречува синџирот да се откачи накај
ракувачот доколку синџирот е лабав или се скрши.
МОНТАЖА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не ракувајте со производот
доколку некој дел е оштетен или фали сѐ додека не
ги замените овие делови. Непочитувањето на ова
предупредување може да доведе до сериозна телесна
повреда.
Монтажа на синџирот и на мечот
Види слики 10-11
Отстранете ја батеријата од производот. Носете заштитни
ракавици.
Извадете ги навртките за зацврстување на мечот со
комбинираниот клуч кој оди со производот.
Извадете го омотот на синџирот.
Синџирот на пилата треба да биде поставен во насока на
движење на синџирот. Ако е поставен обратно, направете
празен простор на другиот крај од мечот.
Ставете ги зглобовите од синџирот во шината на мечот.
Поставете го синџирот така што ќе има празен простор на
крајот на мечот.
Прицврстете го мечот за пилата и повлечете го синџирот околу
синџирникот.
Отстранете го омотот на синџирот и навртките за зацврстување
на синџирот.
Зацврстете ги со прст навртките за зацврстување на мечот.
Мечот мора слободно да се движи за да се прилагоди
затегнатоста на синџирот.
Прилагодете ја затегнатоста на синџирот. Погледнете во делот
„Прилагодување на затегнатоста на синџирот".
Држете го врвот на мечот и добро зацврстете ги навртките за
затегнување на мечот.
Прилагодување на затегнатоста на синџирот
Види страница 12.
Отстранете ја батеријата од производот.
Навртките за затегнување на мечот треба да се разлабавени за
да може да се затегнат со прст.
За да се зголеми затегнатоста на синџирот, свртете ја завртката
за затегнување на синџирот во правец на стрелките на
часовникот и често проверувајте ја затегнатоста на синџирот.
За да се намали затегнатоста на синџирот, свртете ја завртката
за затегнување спротивно од стрелките не часовникот и често
проверувајте ја затегнатоста на синџирот.
Синџирот е правилно затегнат ако празнината помеѓу забецот
на синџирот и мечот е околу 4-5,5 mm. Повлечете го синџирот
во средината и од долната страна на мечот надолу (подалеку
од мечот) и измерете го растојанието помеѓу мечот и запците
на синџирот.
Зацврстете ги навртките за зацврстување на мечот со нивно
вртење во насока на стрелките на часовникот.
НАПОМЕНА: Температурата на синџирот се зголемува за
време на работата што доведува до ширење на синџирот.
Често проверувајте ја затегнатоста на синџирот и прилагодете
ја доколку е потребно. Ако синџирот се затегне додека е уште
топол, може да биде премногу затегнат откако ќе се излади.
Проверете дали синџирот е затегнат онака како што е наведено
во упатството.
РАБОТЕЊЕ
Додавање масло за подмачкување на синџирот
Види страница 13.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
лубрикант за синџир. Ако синџирот работи без лубрикант,
мечот и синџирот може да се оштетат. Неопходно е често
да се проверува нивото на масло во мерачот за масло,
како и пред да се вклучи пилата.
Исчистете ја површината околу капачето за масло за да се
спречи контаминација.
Одвртете и отстранете го капачето од резрвоарот за масло.
Истурете го маслото во резервоарот за масло и следете го
мерачот за ниво на масло. При турањето погрижете се да не
влезат нечистотии во резервоарот за масло.
Повторно ставете го капачето и стегнете го. Избришете доколку
се истури.
Еден полн резервоар за масло ќе ви овозможи употреба на
пилата во времетраење од 20-60 мин.
Монтажа на батеријата
Види слики 8-9
Ставете ја батеријата во производот. Испакнатите делови
од батеријата треба да влезат во жлебовите од просторот за
батерија.
Пред да почнете со работа, погрижете се батеријата убаво да
влезе на своето место и проверете дали батеријата е стабилно
поставена во пилата.
Држење на моторната пила
Види слика 1.
Секогаш држете го производот со десната рака на задната
рачка, а со левата рака на предната рачка. Фатете ги рачките
со палците и прстите околу рачките. Погрижете се левата рака
да ја држи предната рачка и палецот да биде одоздола.
Вклучување на производот
Види страница 14.
Пред да го вклучите производот, ставете ја батеријата во
производот и видете дали уредот за кочење е поставен во
работна позиција со повлекување на рачката од кочницата/
штитиникот за рака кон предната рачка.
За да го вклучите производот: повлечете го деблокаторот, а
потоа притиснете го прекинувачот за вклучување.
Проверка и ракување со уредот за кочење
Види страница 15.
Активирајте го уредот за кочење со вртење на вашата лева
рака околу предната рачка. Дозволете задниот дел од раката
да ја притисне рачката од кочницата/штитникот за рака кон
мечот додека синџирот брзо ротира. Задолжително е двете
раце да се поставени на рачките од пилата во секое време.
Ресетирајте го уредот за кочење назад во работна позиција
фаќајќи го горниот дел од рачката од кочницата/штитиникот
МАКЕДОНСКИ
Никогаш
не
работете
253
без

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

82433674

Table of Contents