Philips PerfectCare 7000 Series User Manual page 58

Hide thumbs Also See for PerfectCare 7000 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 4
Македонски
60
5 Отстранете го регулаторот EASY DECALC (сл. 17).
6 Држете ја основата на садот за пареа над мијалникот и испразнете ја преку отворот EASY
DECALC (сл. 18).
Забелешка: имајте предвид дека апаратот е тежок кога ќе го навалите.
7 Вратете го регулаторот EASY DECALC и завртете го во насока на стрелките на часовникот за
да го стегнете (сл. 19).
8 Можете да продолжите да ја користите пеглата веднаш по завршувањето на постапката EASY
DECALC.
Отстранување бигор од грејната плоча
Ако редовно не го отстранувате бигорот од апаратот, може да забележите кафени дамки како
излегуваат од грејната плоча поради наталожени честички на бигор. Отстранете го бигорот
од грејната плоча така што ќе ја следите следната постапка. Ве советуваме да ја извршите
постапката двапати за да добиете подобри резултати.
1 Проверете дали се оладил апаратот, а потоа исчистите ја грејната плоча со влажна крпа.
2 Отстранете ги резервоарот за вода и пеглата од подножјето.
3 Отстранете го регулаторот EASY DECALC и истурете ја водата преку отворот EASY DECALC.
4 Држете го апаратот во положбата во која отворот EASY DECALC е свртен нагоре и сипете
500 ml вода во отворот со помош на шише или чаша. (Сл. 20).
Забелешка: не го полнете грејачот под млаз вода.
Забелешка: имајте предвид дека апаратот е тежок кога ќе го навалите.
Предупредување: не користете парфимирана вода, вода од машина за сушење алишта,
оцет, штирак, средства за отстранување бигор, адитиви за пеглање, вода која е хемиски
исчистена од бигор или други хемикалии, затоа што може да предизвикаат нагло
исфрлување на вода, појава на кафени дамки или оштетување на апаратот.
5 Држете го отворот EASY DECALC свртен нагоре, вратете го регулаторот EASY DECALC и
завртете го во насока на стрелките на часовникот за да го стегнете (сл. 21).
6 Вратете го апаратот на стабилна и рамна површина. Наполнете го резервоарот за вода до
половина. Вклучете го апаратот и почекајте 5 минути.
7 Притиснете го копчето за пареа и задржете го 3 минути додека пеглате неколку парчиња
дебела ткаенина со движења напред-назад (сл. 22).
Предупредување: врела и нечиста вода (приближно 100-150 ml) излегува од грејната плоча.
8 Запрете со чистење кога ќе престане да излегува вода од грејната плоча.
9 Можете веднаш да продолжите да го користите апаратот. Во спротивно, исклучете го
апаратот од струја кога ќе заврши отстранувањето бигор.
Меморија
1 Исклучете го апаратот и извлечете го приклучокот од штекер.
Забелешка: се препорачува да го празните резервоарот по секое користење.
2 Ставете ја пеглата на подножјето и фиксирајте ја така што ќе го притиснете копчето за
отпуштање на бравата за носење (сл. 23).
3 Оставете го апаратот целосно да се олади.
4 Свиткајте го цревото за довод и замотајте го во преградата за чување црева за довод (сл. 24).
5 Свиткајте го кабелот за напојување и прицврстете го со велкро лента.
6 Апаратот можете да го носите со една рака за рачката на пеглата кога пеглата е фиксирана
на подножјето.

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Psg7028

Table of Contents