Philips PerfectCare 7000 Series User Manual page 56

Hide thumbs Also See for PerfectCare 7000 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 4
Македонски
58
Користење на апаратот
Технологија OptimalTEMP
Предупредување: немојте да пеглате ткаенини што не може да се пеглаат.
Технологијата OptimalTEMP ви овозможува да ги пеглате сите видови на ткаенина кои може
да се пеглаат, во кој било редослед, без прилагодување на температурата на пеглата и без
сортирање на облеката.
Врелата грејна плоча може безбедно да ја спуштите директно на даската за пеглање (сл. 6) без
потреба да ја враќате на подножјето. Тоа ќе го намали напрегнувањето на рачниот зглоб.
-
Ткаенините со овие симболи (сл. 7) може да се пеглаат, на пример лен, памук, полиестер,
свила, волна, вискоза и вештачка свила.
-
Ткаенините со овој симбол (сл. 8) не може да се пеглаат. Такви ткаенини се синтетичките
ткаенини, како што е спандексот или еластанот, ткаенините што содржат спандекс и
полиолефините (на пр. полипропилен). Отпечатените слики на облеката исто така не може да
се пеглаат.
Пеглање
1 Ставете го садот за пареа на стабилна и рамна површина.
Забелешка: за да овозможите безбедно пеглање ви препорачуваме подножјето секогаш
да го поставувате на стабилна даска за пеглање и големината на даската да е соодветна за
садовите за пареа.
2 Проверете дали во резервоарот за вода има доволно вода (погледнете „Полнење на
резервоарот за вода").
3 Вметнете го приклучокот во заземјен ѕиден штекер и притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за да го вклучите садот за пареа. Почекајте индикаторот „пеглата е подготвена"
да почне постојано да свети (сл. 9). Тоа трае приближно 2 минути.
4 Извадете го цревото за довод на пареа од делот за довод на пареа.
5 Притиснете го копчето за отпуштање на бравата за носење за да ја ослободите пеглата од
подножјето (сл. 10).
6 Притиснете и задржете го копчето за пареа за да започнете да пеглате (сл. 11).
Забелешка: при првото користење, притиснете го копчето за пареа и задржете го до 30
секунди за да добиете пареа. Може да потрае подолго ако пеглата била складирана подолго
време.
7 За да постигнете најдобри резултати на пеглање, по пеглањето со пареа последните потези
направете ги без пареа.
Поставка MAX
За побрзо пеглање и поголема количина на пареа, можете да ја користите поставката MAX.
1 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување и задржете го 5 секунди сè додека
индикаторот не почне да свети во бела боја.
2 Апаратот автоматски се враќа во нормалниот режим за пареа по 15 минути за да се заштеди
енергија.
3 Во спротивно, за да се вратите на нормалниот режим за пареа во секое време, притиснете
го копчето за вклучување/исклучување и задржете го 2 секунди сè додека индикаторот
повторно не стане син.
Функција за дополнителна количина на пареа
Функцијата за дополнителна количина на пареа е дизајнирана за да ви помогне да ги
отстраните наборите кои тешко се пеглаат.

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Psg7028

Table of Contents