Download Print this page

Braun Silk-epil 7 Manual page 34

Hide thumbs Also See for Silk-epil 7:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Вклучување
Притиснете едно од копчињата за ослобо-
дување (5а) и вклучете го прекинувачот за
да ја одберете соодветната брзина:
«I» = екстра нежно
«II» = екстра ефикасно
Светлото се вклучува и свети се додека
апаратот е вклучен. Тоа овозможува
речиси дневна светлина, откривајќи ги
и најтенките влакна и Ви дава подобра
контрола за подобра ефикасност на епи-
латорот.
A Двојна епилација со
капачето за измазнување
Двојната епилација со помош на делот
за измазнување (2) кој е наменет и
оптимизиран за водена употреба со гел
или пена за бричење на нозете. Доколку
сакате да го користите за отстранување
на влакна на друг дел од телото, Ве
молиме да внимавате поради острото
сечило. Кожата треба да биде затегната
за време на употребата.
Почетна фаза
Со цел да и дозволите на Вашата кожа
да се прилагоди на новиот начин за
отстранување на влакната, многу е важно
за време на првиот месец од употребата
да го користите апаратот еднаш неделно.
После 3-4 користења, со секое влакно
што еднаш сте го епилирале и со прилаго-
дувањето на новите влакна на процесот,
ќе бидете во можност да уживате во
долготрајните резултати, употребувајќи го
двојниот епилатор на секои 2-3 недели.
Како да го употребувате Dual Epilator
• Пред употреба, бидете сигурни дека
главата на епилаторот е чиста (3).
Ставете го капачето за измазнување
34
(2). За подобро управување во влажни
услови, можеби ќе сакате да го дода-
дете нелизгачкиот дел (7).
• Нанесете пена или гел за бричење на
влажна кожа.
• Растегнувајќи ја кожата, движете го
апаратот со бавни, постојани движења,
без притисок во спротивна насока на
растењето на влакната.
• Бидете сигурни дека главата е поста-
вена рамно врз кожата. Таа совршено
се прилагодува на контурите на кожата.
Најпрво епилира, а потоа ја измазнува
кожата со еден потег. Благодарение на
интегрираното сечило, капачето за
измазнување овозможува зголемена
ефикасност. Нема потреба да помину-
вате повеќе пати на една иста област.
• Движете го епилаторот почнувајќи од
долниот дел на ногата па нагоре.
Држете ги нозете исправени кога ги
отстранувате влакната околу колената.
Добро внимавајте за да избегнете
повреди околу глуждовите и другите
коскени области.
• Од време на време, исплакнете ја
пената од капачето за измазнување.
B Епилација
Отстранете го капачето за измазнување
(2) и ставете го капачето за епилирање
(10) или за чувствителни делови (11).
Можете да епилирате под влажни или
суви услови:
Влажна употреба:
За да овозможите најдобри услови,
бидете сигурни дека кожата е многу
влажна.
Сува употреба:
Бидете сигурни дека кожата е сува, без
крем и не е мрсна.

Advertisement

loading