LG MFL69309711 Owner's Manual page 263

Hide thumbs Also See for MFL69309711:
Table of Contents

Advertisement

Поврзување на антена
Поврзете го телевизорот со ѕиден приклучок за антена со RF кабел
(75 Ω).
За користење на повеќе од 2 телевизори употребете разделник
на сигнал.
Ако квалитетот на сликата е слаб, правилно инсталирајте
засилувач на сигнал за подобрување на квалитетот на сликата.
Ако квалитетот на сликата е слаб кога е поврзана антена,
обидете се да ја насочите антената во правилна насока.
Кабелот за антената и конвертерот не се испорачуваат.
Поддржано DTV аудио: MPEG, Dolby Digital, Dolby Digital Plus, HE-AAC
Aдаптер поврзување
(Во зависност од моделот)
ВНИМАНИЕ
Внимавајте телевизорот да биде поврзан со DC адаптерот
за напојување пред да се поврзе кабелот за напојување на
телевизорот во штекер на ѕид.
Поврзување со сателитска антена
(Само за сателитските модели)
Поврзете го телевизорот со сателитска антена преку приклучокот
за сателитска антена со сателитски RF кабел (75 Ω).
Поврзување на CI модул
(Во зависност од моделот)
За гледање на кодирани услуги (со плаќање) во дигитален TV
режим.
Проверете дали CI модулот е вметнат во отворот за PCMCIA
картичка во правилна насока. Ако модулот не е вметнат
правилно, тоа може да предизвика оштетување на
телевизорот и на отворот за PCMCIA картичка.
Доколку телевизорот не прикажува никаков видео и аудио
сигнал кога е поврзан CI+ CAM, ве молиме обратете се до
вашиот оператор за копнена/кабелска/сателитска услуга.
Euro Scart поврзување
(Во зависност од моделот)
Овозможува пренесување на видео и аудио сигнали од
надворешниот уред кон телевизорот. Поврзете ги надворешниот
уред и телевизорот со Euro Scart кабел.
Тип на излез
Тековен
режим на влез
Дигитална TV
Аналогна TV, AV
Компонентен
HDMI
1 TV излез: излез кој проследува аналогни TV или дигитални TV
сигнали.
Секој Euro scart кабел кој ќе се користи мора да има оклоп за
заштита на сигналот.
Други поврзувања
Поврзете го вашиот телевизор со надворешни уреди. За најдобар
квалитет на сликата и звукот, поврзете ги надворешниот уред и
телевизорот со HDMI кабел. Одделни кабли не се испорачуваат.
ЗАБЕЛЕШКА
Поддржан HDMI аудио формат :
Dolby Digital (32 kHz, 44,1 kHz, 48 kHz),
PCM (32 kHz, 44,1 kHz, 48 kHz, 96 kHz, 192 kHz)
(Во зависност од моделот)
AV1
1
(TV излез
)
Дигитална TV
Аналогна TV
11

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents