Beko CWB 6730 X User Instruction page 50

Hide thumbs Also See for CWB 6730 X:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
• Прицврстување на украсниот продолжен ќунк
Поставете го напојувањето со електрична енергија во
склад со димензиите на украсниот ќунк. Ако вашиот апарат
треба да се намести како верзија за во вентилација или
со надворешен мотор, подгответе го отворот за излез
на воздухот. Приспособете ја широчината на држачот на
горниот дел на ќункот (слика 3).
Потоа прицврстете го на плафонот со помош на шрафовите
A (слика 3) така што ќе биде порамнет со капакот,
соодветно на растојанието од плафонот прикажано на
слика 2. Поврзете го ободот C со отворот за излез на
воздухот со цевка за поврзување (слика 4).
Вметнете го горниот ќунк во долниот и положете ги врз
рамката. Продолжете го горниот ќунк нагоре до држачот
и прицврстете го со шрафовите B (слика 3).
За да го претворите аспираторот од верзија за во
вентилација во верзија со филтер, побарајте јагленски
филтри од својот продавач и постапете според упатството
за местење.
• Верзија со филтер
Наместете го аспираторот и двата ќунци како што е
опишано во пасусот за местење на аспираторот во верзија
за во вентилација. За да го составите ќункот за филтрирање
видете во упатството содржано во комплетот. Ако
комплетот не е приложен, нарачајте го од продавачот како
прибор. Филтрите мора да се стават на делот за влечење
на воздухот што се наоѓа внатре во аспираторот. Мора да
се центрираат со вртење под агол од 90 степени додека
не се затвори бравата (слика 6).
КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
• Се препорачува апаратот да се вклучува пред готвење.
Се препорачува да се остави апаратот да работи 15 минути
по готвењето за да може целосно да се отстранат пареата
и миризбата од него.
Правилното функционирање на аспираторот зависи од
редовноста на одржувањето, особено на филтерот со
активен јаглен.
• Филтрите против маснотии ги задржуваат честичките
маснотија што се наоѓаат во воздухот и затоа се подложни
на затнување, зависно колку често се користи апаратот.
За да се спречи опасноста од избивање пожар, се
препорачува филтерот да се чисти најмногу на 2 месеци
на следниов начин:
- Извадете ги филтрите од аспираторот и измијте ги во
раствор на неутрален течен детергент во вода, оставајќи
ги да киснат.
- Исплакнете ги добро со млака вода и оставете ги да се
исушат.
- Филтрите може да се мијат и во машина за миење
садови.
Алуминиумските плочи може да ја сменат бојата по
неколку миења. Тоа не е причина за рекламација или
замена на плочите.
• Филтрите со активен јаглен го прочистуваат воздухот што
се враќа во околината. Филтрите не се мијат и се за само
една употреба, мора да се заменуваат најмногу на четири
месеци. Заситеноста на филтерот со активен јаглен зависи
од тоа колку често се користи апаратот, што се готви и од
редовното чистење на филтрите за маснотии.
• Редовно чистете ги вентилаторот и другите површини
на аспираторот со крпа навлажнета со денатуризиран
алкохол или неабразивен течен детергент.
• Светлото е наменето за користење за време на готвењето,
но не и за подолго општо осветлување. Подолгото
користење на светлото значително го намалува векот на
траење на сијалицата.
• Менување на халогенките (слика 7).
За да ги замените халогенките B, извадете го стаклото C
користејќи лост во соодветните отвори.
Заменете ги халогенките со нови од ист вид.
Внимателно: не допирајте ја „крушата" со голи раце.
•Команди: (слика 8) механички подолу се опишани
симболите:
A = СВЕТЛО
B = ИСКЛУЧЕНО
C = БРЗИНА I
D = БРЗИНА II
E = БРЗИНА III
• Команди: (слика 9) Cветлечки симболите се објаснети
подолу:
A = СВЕТЛО
B = OFF
C = БРЗИНА I
D = БРЗИНА II
E = БРЗИНА III
F = ТАЈМЕР ЗА АВТОМАТСКО СОПИРАЊЕ - 15 минути (*)
• Доколку апаратот нема функција за интензивна брзина,
држете го копчето E притиснато две секунди и таа ќе
се вклучи 10 минути, по што апаратот ќе се врати на
претходната брзина. Сијаличката трепка додека е активна
функцијата. За да ја прекинете работата пред да поминат
10-те минути, повторно притиснете го копчето Е.
• Со држење на копчето F притиснато две секунди (кога
аспираторот е исклучен), се вклучува функцијата „чист
воздух". Оваа функција го вклучува апаратот по 10 минути
на секој час при прва брзина. Штом ќе се активира оваа
функција, моторот почнува да работи со прва брзина 10
минути. За тоа време копчињата F и C мора да трепкаат
истовремено.
По 10 минути моторот се исклучува и сијаличката на копчето
F останува запалена со постојано светење додека моторот
не почне повторно да работи при прва брзина по 50
минути, и копчињата F и C повторно почнуваат да трепкаат
заедно 10 минути, итн.
Ако притиснете кое било копче, освен копчето за светлото,
аспираторот веднаш ќе се врати во вообичаената функција
(на пр., доколку се притисне копчето D, функцијата „чист
воздух" се исклучува и моторот веднаш преоѓа во работа
при втора брзина. Доколку го притиснете копчето B,
функцијата се исклучува).
(*) Тајмерот за автоматско сопирање го одложува
прекинувањето на работата на аспираторот, којшто
ќе продолжи да работи 15 минути при брзината што
била поставена во моментот на активирањето на оваа
функција.
• Заситување на филтерот со активен јаглен/филтерот
за маснотии:
- Кога копчето A трепка на секои 2 секунди, филтрите за
маснотии треба да се исчистат.
- Кога копчето A трепка на секои 0,5 секунди, јагленските
филтри треба да се заменат.
Откако е ставен чист филтер, електронската меморија
мора да се постави на нула со држење на копчето A
притиснато околу 5 секунди си додека сијаличката на
- 50 -

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents