Воведни Операции; Во Текот На Работата - Stiga MP1 550 Li D48 Series Operator's Manual

Pedestrian-controlled walk-behind battery powered lawn mower
Hide thumbs Also See for MP1 550 Li D48 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 121
• Овој апарат може да го користат деца постари од 8
години, но и лица со намалени физички, сензорни
и ментални способност или лица коишто немаат
доволни познавања само доколку се под надзор
или се подучувани за употребата на апаратот на
безбеден начин и ги разбираат можните опасности.
Децата не смее да си играат со апаратот. Децата
не смее да го спроведуваат редовното чистење
и одржување доколку не се под надзор.
• Никогаш не ја користете машината доколку корисникот
е изморен или изнемоштен, или користел лекови,
дрога, алкохол или други штетни супстанци што
можат да ги забават неговите рефлекси и да ја
загрозат неговата способност за пресуда.
• Не пренесувајте деца или други патници.
• Имајте на ум дека корисникот е одговорен за
незгодите или опасноста по други лица или нивниот
имот. Во опсегот на одговорности на операторот
спаѓа и проценката на можните ризици на теренот
каде треба да се работи и затоа преземете ги сите
неопходни безбедносни мерки за да ја гарантирате
својата, но и безбедноста на другите особено на
закосени, нерамни, лизгави или нестабилни терени.
• Во случај кога во опкружувањето на машината има
други лица, проверете дали корисникот ги почитува
упатствата што се содржани во ова упатство.
2.2
ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Систем за лична заштита (СЛЗ)
• Носете соодветна облека, работни чевли со ѓон
против лизгање и долги пантолони. Не вклучувајте
на машината со боси нозе или со отворени
сандали. Носете заштитни слушалки за слухот.
• Употребата на акустична заштита ја намалува можноста
да ги слушнете можните предупредувања (повикување
или аларми). Обрнувајте исклучително внимание
на она што се случува околу областа за работа.
• Носете ракавици за работа во сите
ситуации каде има ризик за рацете.
• Не носете марами, наметки, ремени, бразлетни,
облека со лелеави делови или со врвки и врски
и слични додатоци што висат или се долги и би
можеле да се закачат за машината или за предмети
и материјали кои се производ на работата.
• Соодветно приберете ја косата доколку е долга.
Област за работа/машина
• Проверете ја темелно целата површина за работа и
отстранете сè што би можело да биде исфрлено од
машината и да ги оштети сечилата/ротирачки делови
(камења, гранки, железни остатоци, коски, итн.).
2.3
ВО ТЕКОТ НА РАБОТАТА
Област за работа
• Не користете ја машината во средина каде постои
ризик од експлозија, во присуство на запаливи
материи, гасови или нечистотија. Електричните
делови предизвикуваат искри што може да ги
запалат нечистотиите или испарувањата.
• Работете само на дневна светлина или при добро
вештачко осветление и при услови на добра видливост.
• Оддалечете ги лицата, децата и животните од областа
за работа. Не може да се чуваат деца додека се користи
на машината, тие треба да бидат чувани од друго лице.
• Избегнувајте да работите на мокра трева,
кога врне и кога ризик од временска
непогода, особено грмотевици.
• Не изложувајте ја машината на дожд или влажни
услови. Водата што може да навлезе во електричниот
дел го зголемува ризикот од електричен удар.
• Обрнете особено внимание на нерамнините на
теренот (грутки, канали), закосувањата, сокриени
опасности и на присуството на дадени опасности
коишто може да ја попречат видливоста.
• Обрнете особено внимание во присуство на
стрмнини, дупки или препреки. Машината може
да се преврти ако едното тркало поминува
преку раб или ако работ е закосен.
• Работете секогаш надолжно во однос на косината, во
правец нагоре/надолу, но никогаш попреку внимавајќи
при тоа на менувањето на правецот одржувајќи
правилна потпора и да избегнувате тркалата да
удираат на пречки (камења, гранки, корења и сл.)
со што може да се предизвика странично лизгање,
превртување или загуба на контролата врз машината.
• Внимавајте на сообраќајот кога машината
се користи во близина на пат.
Однесување
• Обрнете внимание кога одите во рикверц или наназад.
Погледнете зад неа пред и при движење наназад
за да обезбедите дека нема никакви пречки.
• Никогаш не трчајте, туку одете.
• Избегнувајте да ја влечете тревокосачката.
• Секогаш држете ги рацете и нозете подалеку
од уредот со сечивото, особено при палење на
моторот и додека работите со машината.
• Внимание: сечилото продолжува да се врти
уште неколку секунди откако ќе се исклучи
или откако ќе го изгаснете моторот.
• Држете растојание од отворот за исфрлање.
Доколку нешто се скрши или дојде до несреќа
во текот на косењето, веднаш исклучете го моторот и
оддалечете ја машината за да спречите понатамошна
штета; Во случај на инцидент со лична повреда
или повреда на трето лице, пристапете веднаш кон
постапката за давање најсоодветна прва помош за
дадената состојба и обратете се во соодветен центар
за здравствена заштита за неопходно лекување.
Отстранете ги темелно сите остатоци од косењето што
може да предизвикаат дефект или повреди на лица или
животни ако останат незабележано во машината.
Ограничување при употреба
• Никогаш не ракувајте со машината кога обезбедувачите
се оштетени, нецелосни или неправилно монтирани
(корпа за трева, обезбедувачи за странично
исфрлање, обезбедувачи за задно исфрлање).
• Не користете ја машината ако дополнителната/
помошната опрема не е поставена на дадените точки.
• Не исклучувајте, дезактивирајте, вадете ги
манометарот и поставените безбедносни
системи/микропрекинувачи.
• Не изложувајте ја машината на непотребни сили и не
користете мала машина за изведување тешки работи;
адекватно користење на машината го намалува
ризикот и го подобрува квалитетот на работата.
MK - 2

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Mp1 500 li d48 seriesCombi 50 sq daeCombi 55 sq dae

Table of Contents