Makita HP1640 Instruction Manual page 28

Hide thumbs Also See for HP1640:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Поставување или отстранување бургија
За модел HP1640, HP1640F
Слика6
За да го монтирате втичникот, поставете го во стезната
глава колку што може да оди. Зацврстете ја стезната
глава со рака. Поставете го клучот за стезната глава во
секое од трите дупчиња и завртете во насока на
стрелките на часовникот. Осигурете се да ги затегнете
сите три дупчиња на стезната глава подеднакво.
За да го отстраните втичникот, завртете го клучот во
насока спротивна на стрелките на часовникот во само
едно дупче, потоа одвртете ја стезната глава со рака.
Откако ќе завршите со користење на клучот за
лежиштето, вратете го во неговата првобитна положба.
За модел HP1641, HP1641F
Слика7
Држете го прстенот и свртете го ракавот во насока
спротивна од стрелките на часовникот за да ги отворите
стегите на главата. Поставете го втичникот во стезната
глава колку што може да оди. Држете го цврсто прстенот
и и свртете го ракавот во насока на стрелките на
часовникот за да ја стегнете стезната глава.
За отстранување на втичникот, држете го прстенот и
свртете го ракавот во насока спротивна од стрелките
на часовникот.
Мерач на длабочина
Слика8
Мерачот на длабочина е соодветен за дупчење на
дупки од иста длабочина. Отпуштете ја страничната
дршка и вметнете го мерачот на длабочина во
дупката на страничната дршка. Прилагодете го
мерачот на длабочина на саканата длабочина и
прицврстете ја страничната дршка.
НАПОМЕНА:
Мерачот на длабочина не може да се користи
во позицијата при која мерачот на длабочина ќе
удри во телото на алатот.
РАБОТЕЊЕ
Дупчење со чекан
Слика9
ВНИМАНИЕ:
Доаѓа до јака и ненадејна вртлива сила што делува
врз алатот/бургијата кога ќе дојде до продирање на
дупката, кога дупката ќе се затне од распрсканите
отпадоци или кога удри во армирани шипки вградени
во бетонот. Секогаш користете ја страничната дршка
(помошната рачка) и цврсто држете го алатот за
страничната дршка и за дршката на прекинувачот во
текот на работењето. Во спротивно, може да дојде
до губење на контрола над алатот и потенцијална
сериозна повреда.
Кога дупчите во бетон, гранит, плочки итн, свртете го
лостот за промена на работниот режим во позицијата на
симболот
за користење на режимот „ротација без удар".
Осигурете се да користите бургија обложена со
тунгстен-карбид.
Поставете ја бургијата на посакуваното место за
дупката и потоа повлечете го прекинувачот за
стартување. Не туркајте со прекумерна сила врз
алатот. Користењето благ притисок дава најдобри
резултати. Држете го алатот во позиција и спречете
да се лизне настрана од дупката.
Не применувајте поголем притисок кога дупката ќе
се затне со распрсканите парчиња. Наместо тоа,
работете со алатот во празен од, потоа делумно
извадете ја бургијата од дупката. Повторувајќи го ова
неколку пати, дупката ќе се исчисти и може да се
продолжи со нормално дупчење.
Издувна пумпа (опционален додаток)
Слика10
По дупчењето на дупката, употребете ја издувната
пумпа за да ја исчистите прашината од дупката.
Дупчење
Кога дупчите во дрвени, метални или пластични
материјали, свртете го лостот за промена на
работниот режим во позицијата на симболот
користење на режимот „само ротација".
Дупчење во дрво
Кога дупчите во дрво, најдобрите резултати се
добиваат со бургии за дрво опремени со водилка.
Водилката го олеснува дупчењето со тоа што ја
вовлекува бургијата во работниот материјал.
Дупчење во метал
За да спречите бургијата да се лизне кога започнувате
дупка, направете вдлабнатина на местото кадешто ќе се
дупчи со удар со чекан. Поставете го врвот на бургијата
во вдлабнатината и започнете со дупчење.
Користете средство за подмачкување при сечење
кога дупчите метали. Исклучок од тоа се железо и
месинг кои треба да се дупчат на суво.
ВНИМАНИЕ:
Притискањето силно врз алатот нема да го
забрза дупчењето. Всушност, овој прекумерен
притисок само ќе го оштети врвот на бургијата,
ќе ги намали перформансите на алатот и ќе го
скрати неговиот работен век.
Доаѓа до јака сила која делува врз алатот/бургијата
при дупнувањето на дупката. Цврсто држете го
алатот и грижливо напредувајте кога бургијата
почнува да навлегува во материјалот.
Заглавената бургија може лесно да се извади
со поставување на прекинувачот за обратна
акција на обратна ротација за да се повлече
назад. Сепак, алатот може да отскокне наназад
нагло ако не го држите доволно дврсто.
Секогаш прицврстувајте ги малите работни
материјали на менгеме или сличен уред за
прицврстување.
28
за

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Hp1640fHp1641Hp1641f

Table of Contents