Skil BT1 1305 Series Original Instructions Manual page 178

Mitre saw
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
наменет за употреба на отворено и опремен со
водоотпорен приклучок
ПРЕД УПОТРЕБА
Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
Носете заштитни очила, заштита за ушите, и
заштитни ракавици
Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со прашината
или нејзиното вдишување може да шредизвика
алергии и/или болести на дишните органи за оној
кој работи со алатот или луѓето во близина); носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Некои видови на прашина се канцерогени (како
на пример прашината од даб или бука), особено
заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
Никогаш не користете електричен алат без
оригинален систем за заштита
Проверете ја заштитата дали е правилно затворена
пред секоја употреба
Не вклучувајте го циркуларот ако заштитата не се
движи слободно и веднаш се затвора
Никогаш не стегајте ниту не врзувајте за заштитата
во отворена позиција
Никогаш не користете го алатот без подметок за
масата. Заменете оштетен или изабен подметок за
масата
Пред да почнете со сечење, отстранете ги сите
пречки на и под местото каде сечете
Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете ги
пред да почнете со работа
ПРИБОР
Никогаш не користете дискови за оштрење/сечење
со овој електричен алат
SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен соодветен прибор кој може да се набаво во
сите SKIL продавници
За поставување и користење на приборите кои не се
SKIL погледнете го упатството на производителот
Користете само листови за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба
или се проверени според EN 847-1 и се соодветно
означени
Користете само прибор чија дозволена брзина е во
најмала рака еднаква на најголемата брзина при
празен од на електричниот алат
никогаш не користете сечила за пили направени од
брзоротирачки челик (HSS)
Не користете сечиво што е напукнато, деформирано
или тапо
Користете ги само сечивата за пили со дијаметар
на отворот којшто се вклопува на ободот на алатот
без да се мрда; никогаш не користете редуктори или
адаптери за сечива од пили за големи отвори
Заштитете го приборот од потреси, удари и масни
површини
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
Не применувајте сила врз алатот (применете
лесен и континуиран притисок за да избегнете
прегревање на врвовите на сечивата и во случај на
сечење пластика, топење на пластичниот материјал)
Чувајте ги прстите, дланките и рацете подалеку од
ротирачкото сечиво на циркуларот
Ако се блокира сечивото, веднаш исклучете го
алатот и прекинете го напојувањето; дури тогаш
извадете го парчето што го пробивате
Во случај на атипично однесување или непознати
звуци, веднаш исклучете го алатот и извлечете го
штекерот од електричниот приклучок
Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
Никогаш не користете го алатот кога кабелот е
оштетен; тој мора да се замени со специјално
подготвен кабел достапен преку организацијата на
услуги.
ПО УПОТРЕБА
По исклучувањето на електричниот алат, никогаш не
го запирајте вртењето на приборот со користење на
странична сила
Тргајте ги отсечените делови или другите парчиња од
работниот материјал кога деловите што се движат ќе
се смират сосема
сечивото многу се вжештува во текот на работата. Не
допирајте го пред да се излади
Чувајте ја машината во затворен простор на суво и
затворено место и подалеку од дофат на деца
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
2 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
3 Носете заштитни очила и заштита за ушите
4 Опасна област! Зона каде не се ставаат рацете.
Држете ги дланките, прстите или рацете
подалеку од оваа област.
5 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
6 Не се ослободувајте од електични алати и батерии во
домашниот отпад
УПОТРЕБА
Составување
- склопете го копчето со три краци на задната
страна 8
- склопете го копчето за заклучување на аголот X во
предниот дел на масата 9
Позиција при транспорт/работа
За ослободување на алатот (работна позиција)
- Притиснете ја рачката B надолу со едната рака
додека ја извлекувате иглата за заклучување C со
другата рака q a
- водете го склопот на главата полека нагоре
за обезбедување на алатот (позиција за транспорт)
- поставете го аголот на закосеност на 0 ° (видете
Поставување агол на закосеност)
- Поставете го аголот на сечење на 45 ° лево или
десно (видете Поставување на аголот на сечење)
- притиснете ја рачката B надолу со едната рака
додека со другата рака ја притискате иглата за
заклучување C
- намотајте го кабелот за напојување
- користете ја рачката за транспорт E за носење на
алатката q c
178

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

1305

Table of Contents