Makita DLS600 Instruction Manual page 96

Cordless compound miter saw
Hide thumbs Also See for DLS600:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
НАПОМЕНА: Исклучете го прекинувачот бидејќи
неговото вклучување ја троши енергијата на
батеријата.
Линијата на ласерот може да се помести или на
левата или на десната страна од сечилото на
циркуларната на пила со вртење на шрафот за
нагодување на следниов начин.
► Сл.30: 1. Шраф за нагодување
1.
Олабавете го шрафот за нагодување вртејќи го
налево.
2.
Со шрафот за нагодување олабавен, лизнете
го надесно или налево до крај.
3.
Цврсто стегнете го шрафот за нагодување во
положбата во која престанува да се лизга.
НАПОМЕНА: Линијата на ласерот е фабрички
нагодена, така што е позиционирана во рамки на
1 мм од страничната површина на сечилото на
циркуларната пила (позиција за сечење).
НАПОМЕНА: Кога линијата на ласерот се
прикажува затемнета и е тешко видлива поради
директната сончева светлина, преместете ја
работната област на место на кое сончевата
светлина допира помалку.
Порамнување на линијата на ласерот
Порамнете ја линијата на сечење на работниот
материјал со линијата на ласерот.
► Сл.31
A) Кога сакате да ја добиете точната големина на
левата страна на работниот материјал, префрлете
ја линијата на ласерот на левата страна од сечилото
на циркуларната пила.
B) Кога сакате да ја добиете точната големина на
десната страна на работниот материјал, префрлете
ја линијата на ласерот на десната страна од
сечилото на циркуларната пила.
СОСТАВУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
на алатот, секогаш проверувајте дали тој е
исклучен и касетата за батеријата е извадена.
Ако не го исклучите алатот и не ја извадите
касетата за батеријата, може да дојде до тешка
телесна повреда.
Складирање на имбус-клучот
Имбус-клучот се чува како што е прикажано на
сликата. Кога има потреба од имбус-клучот, тој може
да се извлече од држачот за клуч.
Откако ќе завршите со користењето на имбус-
клучот, тој може да се складира враќајќи го во
држачот за клуч.
► Сл.32: 1. Држач за клуч 2. Имбус-клуч
Пред да работите
96 МАКЕДОНСКИ
Монтирање или отстранување на сечилото
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
или вадење на сечилото, секогаш проверувајте
дали алатот е исклучен и касетата за
батеријата е извадена. Случајното стартување
на алатот може да резултира со тешка телесна
повреда.
ВНИМАНИЕ:
Користете го само
доставениот имбус-клуч Makita за ставање
или вадење на сечилото. Ако не го користите тој
клуч, можете да ја стегнете завртката со имбус-
глава или премногу или недоволно. Тоа може да
предизвика повреда.
За да го извадите сечилото, извршете ги следниве чекори:
1.
Отпуштете го осигурувачот за стопирање, а
потоа блокирајте ја рачката во подигната положба со
туркање на осигурувачот за стопирање.
► Сл.33: 1. Осигурувач за стопирање
2.
За да го извадите сечилото, употребете го
имбус-клучот за да ја олабавите завртката со имбус-
глава што го држи средишниот капак вртејќи ја
налево. Потоа подигнете ги штитникот на сечилото и
средишниот капак.
► Сл.34: 1. Средишен капак 2. Завртка со имбус-
глава 3. Имбус-клуч 4. Заштитник на
сечилото
3.
Притиснете ја блокадата на оската за да го
блокирате вретеното и со помош на имбус-клучот,
олабавете ја завртката со имбус-глава вртејќи ја
надесно. Потоа, извадете ги завртката со имбус-глава
од вретеното, надворешната фланша и сечилото.
► Сл.35: 1. Блокада на оската 2. Завртка со имбус-
глава 3. Надворешна фланша
4.
Ако внатрешната фланша е извадена,
монтирајте ја на вретеното со делот за монтирање
на сечилото свртен кон сечилото. Ако фланшата
е монтирана неправилно, ќе има триење помеѓу
фланшата и машината.
► Сл.36: 1. Надворешна фланша 2. Сечило
3. Внатрешна фланша 4. Завртка со
имбус-глава (лево-насочна) 5. Вретено
6. Дел за монтирање на сечилото
За да го монтирате сечилото, извршете ги следниве
чекори:
1.
Внимателно монтирајте го сечилото на
внатрешната фланша. Уверете се дека насоката на
стрелката на сечилото се совпаѓа со насоката на
стрелката на кутијата од сечилото.
► Сл.37: 1. Сечило 2. Стрелка
2.
Монтирајте ги надворешната фланша и
завртката со имбус-глава, а потоа со помош на
имбус-клучот, цврсто стегнете ја завртката со имбус-
глава (лево-насочна) на вретеното вртејќи ја налево
додека притискате на блокадата на оската.
3.
Вратете ги штитникот за сечило и централниот
капак во почетната положба. Потоа стегнете ја
завртката со имбус-глава на средишниот капак
вртејќи ја во правец на стрелките на часовникот за
да го прицврстите средишниот капак.
Пред монтирање

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dls600z

Table of Contents