Makita DLS600 Instruction Manual page 101

Cordless compound miter saw
Hide thumbs Also See for DLS600:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
4.
Внимателно свртете ја завртката за нагодување
агол на закосеност од 0° во правец на стрелките на
часовникот, додека страната на сечилото не направи
нормален агол со горната површина на вртливата
основа. Користете триаголен линијар, правоаголен
линијар или сл. како насочувач. Потоа, цврсто
стегнете го лостот.
► Сл.58: 1. Триаголен линијар 2. Сечило 3. Горна
површина на вртливата маса
5.
Осигурете покажувачот на раката да покажува
0° на скалата за закосеност. Доколку не покажува 0°,
олабавете ја завртката што го прицврстува покажувачот
и нагодете го покажувачот, така што ќе покажува 0°.
► Сл.59: 1. Завртка 2. Покажувач 3. Скала за
закосеност
Агол на закосеност од 45°
Нагодете го аголот на закосеност од 45° само откако
ќе го нагодите аголот на закосеност од 0°.
1.
Олабавете го лостот и целосно навалете го
сечилото налево.
2.
Осигурете покажувачот на раката да покажува
45° на скалата за закосеност. Доколку покажувачот
не покажува 45°, вртете ја левата завртка за
нагодување агол на закосеност од 45° од десната
страна на раката додека покажувачот не покаже 45°.
► Сл.60: 1. Завртка за нагодување десен агол
на закосеност од 45° 2. Покажувач
3. Завртка за нагодување лев агол на
закосеност од 45°
3.
Целосно навалете го ножот надесно и потоа
нагодете го десниот агол на закосеност од 45°
користејќи завртка за нагодување десен агол на
закосеност од 45°.
► Сл.61: 1. Нож за пила 2. Триаголен линијар
Нагодување на позицијата на
линијата на ласерот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
мора да биде монтирана на алатот додека
се нагодува линијата на ласерот. Особено
внимавајте да не го вклучите алатот за време
на нагодувањето. Случајното стартување на
алатот може да резултира со тешка телесна
повреда.
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не гледајте директно
во ласерскиот зрак. Директното изложување на
очите на зракот може да предизвика сериозно
оштетување на вашите очи.
ЗАБЕЛЕШКА:
Редовно проверувајте ја
точноста на позицијата на линијата на ласерот.
ЗАБЕЛЕШКА:
Внимавајте на удари во
алатот. Може да се предизвика изместување
на порамнувањето на линијата на ласерот или
оштетување на ласерот со што се скратува
неговиот работен век.
ЗАБЕЛЕШКА:
Однесете го алатот на
поправка во овластен сервисен центар на
Makita ако има дефект на ласерскиот уред.
Касетата за батерија
101 МАКЕДОНСКИ
Подвижниот опсег на ласерската линија се одредува
од завртките за нагодување на опсегот на двете
страни. Извршете ги следниве постапки за да ја
смените позицијата на ласерската линија.
1.
Извадете ја касетата за батеријата.
2.
Нацртајте линија на сечење на работниот
материјал и поставете го на вртливата основа. Во тој
момент, не прицврстувајте го работниот материјал
со менгеме или сличен уред.
3.
Спуштете ја рачката и усогласете ја линијата на
сечење со ножот на пилата.
► Сл.62: 1. Линија за сечење
4.
Вратете ја рачката во првобитната положба и
обезбедете го работниот материјал со вертикално
менгеме, така што нема да се движи од позицијата
што сте ја одредиле.
► Сл.63: 1. Менгеме
5.
Монтирајте ја касетата за батерија на алатот и
вклучете го прекинувачот на ласерот.
6.
Олабавете ги завртките за нагодување. За
да ја преместите ласерската линија подалеку
од ножот, свртете ги завртките за нагодување на
опсегот налево. За да ја преместите ласерската
линија поблиску до ножот, свртете ги завртките за
нагодување на опсегот надесно.
Нагодување на линијата на ласерот на левата
страна од ножот
► Сл.64: 1. Шраф за нагодување 2. Шраф за
нагодување на опсегот 3. Имбус-клуч
4. Ласерска линија 5. Нож за пила
Нагодување на линијата на ласерот на десната
страна од ножот
► Сл.65: 1. Завртка за нагодување на опсегот
2. Имбус-клуч 3. Ласерска линија 4. Нож
за пила
7.
Лизгајте ја завртката за нагодување на
позицијата, така што линијата на ласерот да дојде
на линијата на сечење, а потоа да се затегне.
НАПОМЕНА: Опсегот на движење на линијата на
ласерот е фабрички нагоден во склоп на 1 мм од
страничната површина на ножот.
Чистење на леќата за светлина на
ласерот
Тешко е да се види ласерската линија кога леќите
за ласерска светлина се валкани. Одвреме-навреме
чистете ги леќите за ласерска светлина.
Извадете ја касетата за батеријата. Олабавете го
шрафот и извлечете ги леќите. Исчистете ги леќите
нежно со мека влажна крпа.
► Сл.66: 1. Шраф
► Сл.67: 1. Леќи
ЗАБЕЛЕШКА:
Не вадете ја завртката што ги
прицврстува леќите. Ако леќите не излегуваат,
олабавете ја завртката уште малку.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не користете растворувачи
или какви било средства за чистење на база на
бензин за чистење на леќата.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dls600z

Table of Contents