Hach HT 200 S Basic User Manual page 261

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 3
Преглед на производот
Содржина на производот
Проверете дали нарачката е целосна. Доколку нешто недостасува
или е оштетено, веднаш контактирајте со производителот.
Следните компоненти се вклучени во стандардната испорака со
термостатот:
Термостат за висока температура HT 200 S
Помошник за отстранување за долгнавест адаптер
Долгнавест адаптер 20/13 mm (12 x)
Кабел за напојување
Упатство за користење
Забелешка: Доколку некој од овие елементи недостасува или
е оштетен, веднаш обратете се на производителот или на
одговорниот претставник за продажба.
Термостатот за висока температура HT 200 S со HSD (high-speed
digestion - разградување со голема брзина) технологија ги
исполнува сите технички барања и безбедносни прописи за брзо
и ефикасно разградување.
Термостатот за висока температура HT 200 S има дванаесет оддели
за разградување за кружни кивети и цевки за реакција.
И З В Е С Т У В А Њ Е
Примероците во кружните кивети од 13-mm (LCK) не смеат да се
разградуваат доколку не се користи придружниот адаптер! Адаптерот се
отстранува од термостатот со помош на алатот за отстранување; погледнете
ја сликата 1.
Слика 1 Алат за отстранување и адаптер
1
Алат за отстранување
О П А С Н О С Т
Поради квалитетот и безбедноста, само оригинални епрувети и кивети
за реакции од HACH смеат да се користат при спроведување на анализите.
Киветите и епруветите за реакции на примероци се подготвени во
согласност со работната процедура која важи во моментот.
Изберете ја потребната програма за температура на HT 200 S уредот
во согласност со информациите во работната процедура која важи во
моментот.
Повисоките температури од оние кои се наведени во работната постапка
може да предизвикаат пукање на епруветите или киветите за реакција или
нивно оштетување во одделот на термостатот.
Доколку се случи ова, обратете се на техничката поддршка за корисниците.
2
Адаптер
Македонски 197

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents