Bosch Professional GSR 18V-90 C Original Instructions Manual page 201

Hide thumbs Also See for Professional GSR 18V-90 C:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 15
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Избирање на вртежниот момент (Важи за начин на
работење, навртување)
Кога ќе се активира прецизната спојка, можете однапред
да го изберете потребниот вртежен момент во 20 чекори
со помош на прстенот за подесување на вртежниот
момент (3). Штом ќе се постигне вртежниот момент,
алатот за вметнување запира. Кога прецизната спојка е
деактивирана, спојката се преоптеретува и алатот за
вметнување не запира.
Механички избор на брзини
Прекинувач за избор на брзина (5) активирајте го
u
само кога електричниот алат е во празен од.
Брзина 1:
Низок опсег на вртежи; за работење со голем дијаметар
на дупчење или за навртување.
Брзина 2:
Висок опсег на вртежи; за работење со мал дијаметар на
дупчење.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При преголемо оптоварување или
работење надвор од дозволените граници на работната
температура, се намалува бројот на вртежи или се
исклучува електричниот алат. Дури по постигнувањето на
дозволената работна температура, електричниот алат
повторно работи со полн број на вртежи.
Заштитата од преоптоварување, која зависи од
температурата, се прикажува со црвено светење на LED-
сијаличката (15) на електричниот алат.
– За повторно да се достигнат дозволените граници на
работната температура, работете со електричниот алат
во празен од или чекајте додека LED сијаличката (15)
не свети зелено повторно.
Кога LED сијаличката (15) свети во зелена боја, уредот
повторно ја има постигнато дозволената граница на
работна температура.
Кориснички интерфејс (види слика D)
Корисничкиот интерфејс (9) служи за активирање и
деактиривање на прецизната спојка „Precision Clutch" и
брзо исклучување „KickBack Control" како и за
прикажување на состојбата на електричниот алат.
Прикази за состојба
Прикажување на
Значење/причина
состојбата на
електричниот алат
Зелено
Статус OK
Жолто
Достигната е критичната температура,
акумулаторската батерија е речиси празна или
KickBack Control е исклучена
Bosch Power Tools
Прецизна спојка (Precision Clutch)
Прецизната спојка го запира
преоптоварувањето кога ќе се достигне
поставениот вртежен момент и се
намалува абењето на спојката и
емисијата на звук.
Прецизната спојка може да се деактивира на
корисничкиот интерфејс (9) со копчето Precision
Clutch (19). Моменталната состојба се прикажува преку
Precision Clutch-LED сијаличката (20) на корисничкиот
интерфејс (9).
Брзо исклучување (KickBack Control)
Брзото исклучување (KickBack Control)
нуди подобра контрола на електричниот
алат и со тоа ја зголемува заштитата при
користење, во споредба со електричните
алати без KickBack Control. При ненадејна и
непредвидена ротација на електричниот алат околу
оската за дупчење, тој се исклучува.
Брзото исклучување на електричниот алат се прикажува
со црвено трепкање на LED сијаличката (15), трепкање
на работното светло (18) како црвено светкање на LED
сијаличката за KickBack Control (16) на електричниот
алат.
За повторно ставање во употреба отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување и одново
притиснете го.
Ако функцијата KickBack Control е дефектна,
u
електричниот алат не се вклучува. Поправката на
електричниот алат смее се изврши само од страна
на квалификуван стручен персонал и само со
користење на оригинални резервни делови.
Брзото исклучување може да се деактивира на
корисничкиот интерфејс (9) со копчето KickBack
Control (17). Доколку електричниот алат не се користи
повеќе од 5 минути или се извади акумулаторската
батерија, автоматски се вклучува брзото исклучување.
Моменталната состојба се прикажува преку Kick-Back
Control-LED сијаличката (16) на корисничкиот
интерфејс (9).
Напомена: светлото за предупредување на LED
u
сијаличките не е видливо од сите насоки! Доколку
има јака светлина од сонцето, светлото за
предупредување тешко може да се препознае.
Решение
Оставете го електричниот алат да работи во
празен од и да се олади, наскоро заменете
одн. наполнете ја акумулаторската батерија
или притиснете на KickBack Control копчето
Македонски | 201
1 609 92A 6GU | (23.06.2022)

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Professional gsb 18v-90 c3601jk60003601jk6100

Table of Contents