Проверка Дали Печката Работи Исправно; Готвење/Подгревање - Samsung MG23K3575 Series User Manual

Hide thumbs Also See for MG23K3575 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 282
Проверка дали печката работи исправно
Следната едноставна процедура ќе ви овозможи да проверите дали вашата микробранова печка работи
исправно. Доколку се сомневате, погледнете во поглавјето "Отстранување на проблеми" на страница
35 до 38.
ЗАБЕЛЕШКА
Печката мора да биде поврзана со соодветен ѕиден приклучок. Плочата мора да биде поставена во
печката. Доколку не се користи максималното ниво на јачина (100 % - 800 W), ќе биде потребно подолго
време за зовривање на водата.
Отворете ја вратата од печката со повлекување на рачката од горната страна.
Поставете чаша со вода на плочата. Затворете ја вратата.
MG23K3575AS_OL_DE68-04403H-00_BG+HR+MK+RO+SQ+SR+SL+EN.indb 13
Притиснете го копчето START/+30s
(АКТИВИРАЊЕ/+30s) и поставете го времето
на 4 или 5 минути, со притиснување на копчето
START/+30s (АКТИВИРАЊЕ/+30s) соодветен број
пати.
Резултат: Печката ја загрева водата 4 или 5 минути.
Потоа водата треба да зоврие.
Готвење/Подгревање
Следната процедура објаснува како да готвите или подгревате храна.
ВАЖНО
СЕКОГАШ проверувајте ги поставените параметри пред да ја оставите печката без надзор.
Максималното време на Microwave (Микробранови) е 99 минути.
Отворете ја вратата. Поставете ја храната на средина од плочата. Затворете ја вратата. Никогаш не
вклучувајте ја печката кога е празна.
1
2
3
4
1. Притиснете го копчето Microwave
(Микробранови).
Резултат: На екранот се прикажува 800 W
(максимална јачина на готвење):
(режим на микробранови)
2. Изберете го соодветното ниво на јачина со
завртување на Вртливото копче. (Ве молиме
погледнете во табелата за нивоа на јачина.)
А потоа притиснете го копчето за
Избирање/Часовник.
3. Поставете го времето на готвење со завртување на
Вртливото копче.
Резултат: Се прикажува времето на готвење.
4. Притиснете го копчето START/+30s
(АКТИВИРАЊЕ/+30s).
Резултат: Светлото се вклучува и плочата почнува
да се врти. Готвењето започнува и по
завршувањето.
1) Се слуша звучен сигнал "бип" 4 пати.
2) Сигналот за крај ќе го слушнете 3 пати
(еднаш во минута).
3) Тековното време повторно се прикажува.
Македонски 13
2/29/2016 11:04:50 AM

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents