Makita DPB184 Instruction Manual page 39

Cordless portable band saw
Hide thumbs Also See for DPB184:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
Систем за заштита на алатот/
батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на алатот и на батеријата. Алатот
автоматски ќе се исклучи за време на работењето
ако тој или батеријата се најдат под еден од
следниве услови:
Заштита од преоптоварување
Кога со батеријата се работи на начин што
предизвикува повлекување прекумерно висока
струја, таа автоматски се исклучува без никаква
индикација. Во таква ситуација, исклучете го алатот
и запрете со примената која предизвикала негово
преоптоварување. Потоа, повторно вклучете го
алатот.
Заштита од прегревање
Кога алатот е прегреан, тој автоматски ќе запре и
ламбичката ќе почне трепка. Во оваа ситуација,
оставете ги алатот и батеријата да се оладат пред
повторно да го вклучите алатот.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата нема да биде
доволен, алатот автоматски се исклучува. Во овој
случај, извадете ја батеријата од алатот и наполнете
ја.
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
39 МАКЕДОНСКИ
Кука
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не обесувајте
го алатот на високо или на потенцијално
нестабилно место.
Куката е корисна за привремено обесување на алатот.
За да ја користите, само кренете ја додека да влезе
во отворената позиција.
Кога не ја користите куката, секогаш спуштете ја
додека не влезе во затворена позиција.
Отворена положба
► Сл.3: 1. Кука
Затворена положба
► Сл.4: 1. Кука
Вклучување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
ставите батеријата во алатот, проверете го
прекинувачот дали функционира правилно и
дали се враќа во положбата „OFF" кога ќе се
отпушти.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
оневозможувајте го копчето за блокирање
туркајќи го надолу или на друг начин.
Прекинувачот со поништено копче за блокирање
може да резултира со ненамерно стартување на
алатот и тешка телесна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
користете го алатот ако работи со едноставно
повлекување на прекинувачот без да се
притисне копчето за блокирање. Прекинувачот
што треба да се поправи може да резултира со
ненамерно стартување на алатот и тешка телесна
повреда. Вратете го алатот во сервисен центар на
Makita за соодветна поправка ПРЕД натамошна
употреба.
За да не се повлече прекинувачот за стартување
случајно, обезбедено е копче за деблокирање.
За да го стартувате алатот, притиснете го копчето
за деблокирање и повлечете го прекинувачот за
стартување.
Брзината на алатот се зголемува со зголемување
на притисокот врз прекинувачот за стартување.
Отпуштете го прекинувачот за стартување за да
сопре.
► Сл.5: 1. Копче за деблокирање 2. Прекинувач за
стартување
Вклучување на предната ламба
ВНИМАНИЕ:
Не гледајте директно во
светлината или во изворот на светлина.
Повлечете го прекинувачот за стартување за да
се вклучи ламбичката. Ламбичката продолжува
да свети додека прекинувачот за стартување се
повлекува. Ламбата ќе се исклучи приближно
10 секунди по отпуштањето на прекинувачот за
стартување.
► Сл.6: 1. Ламба
Пред да ја
НИКОГАШ не
НИКОГАШ не

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents