Сериозни Предупредувања При Инсталацијата - Samsung WW8 J5 Series User Manual

Hide thumbs Also See for WW8 J5 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Безбедносни информации
5. Треба да ги користите новите црева што се испорачуваат со апаратот, а старите
црева не треба повторно да се користат.
6. Кај апаратите со отвори за вентилација во долниот дел, килимот не треба да ги
блокира отворите.
7. За користење во Европа: Децата на возраст помала од 3 години не смеат да бидат
во близина, освен ако не се под постојан надзор.
8. ВНИМАНИЕ: За да избегнете опасност поради ненамерно ресетирање на термичкиот
прекинувач, овој апарат не смее да се напојува преку надворешен уред со можност
за прекинување на напојувањето, како што е тајмер, или, пак, да се поврзе на
електрично коло кое често се вклучува и исклучува во зависност од намената.
Сериозни предупредувања при инсталацијата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Инсталирањето на овој уред мора да биде извршено од страна на квалификувано техничко лице или компанија за
сервисирање.
Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар, пожар, експлозија, проблеми со
производот или повреди.
Уредот е тежок, па затоа внимавајте кога го подигнувате.
Приклучете го кабелот за напојување во ѕиден штекер што е во согласност со локалните струјни спецификации.
Користете го штекерот само за овој уред и не користете продолжителен кабел.
Доколку ѕидниот штекер го користите и за други уреди преку разделник или пак го продолжите кабелот за
напојување може да дојде до електричен удар или пожар.
Погрижете се напонот на напојувањето, фреквенцијата и струјата да бидат исти како оние од спецификациите
на производот. Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар. Приклучокот
за напојување цврсто вметнете го во ѕидниот штекер.
Редовно вршете отстранување на сите супстанци како прав или вода од приклучокот за напојување и допирните
точки со помош на сува крпа.
Извадете го приклучокот за напојување и исчистете го со сува крпа.
Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
Приклучокот за напојување вметнете го во ѕидниот штекер, така што кабелот паѓа надолу кон подот.
Ако приклучокот за напојување го поврзете во штекерот во спротивна насока (завртен нагоре), електричните
жици во кабелот може да се оштетат и ова може да предизвика електричен удар или пожар.
6 
Македонски
Untitled-15 6
2017-06-27
2:45:03

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ww7 j5 series

Table of Contents