Безбедносни информации
6. Кај апаратите со отвори за вентилација во долниот дел, килим не смее
да ги блокира отворите.
7. За користење во Европа: Деца помали од 3 години треба да се држат
подалеку освен ако не се под постојан надзор.
8. ВНИМАНИЕ: За да избегнете опасност поради ненамерно ресетирање
на термичкиот прекинувач, апаратот не смее да се напојува преку
надворешен уред со можност за прекинување на напојувањето, како
тајмер, или да се поврзува со електрично коло што често се вклучува и
исклучува од мрежата.
9. Апаратот е наменет за користење само во домаќинства и не е наменет
за:
– кујни за вработените во продавници, канцеларии и други работни
средини;
– фарми;
– гости во хотели, мотели и други станбени средини;
– пансиони и слични објекти;
– заеднички простории на станбени објекти или перални.
Сериозни предупредувања за инсталацијата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Инсталирањето на апаратот треба да го изврши квалификувано техничко лице или сервисна фирма.
• Инаку може да дојде до струен удар, пожар, експлозија, проблеми со апаратот или повреди.
Апаратот е тежок, затоа внимавајте кога го кревате.
Приклучете го кабелот за напојување во ѕиден штекер што е во согласност со локалните електрични
спецификации. Користете го штекерот само за апаратот и не користете продолжен кабел.
• Делење на ѕиден штекер со други апарати преку разделник или продолжување на кабелот за напојување
може да предизвика струен удар или пожар.
• Внимавајте напонот на напојувањето, фреквенцијата и јачината да се исти како во спецификациите на
производот. Инаку може да дојде до струен удар или пожар.
6
Македонски
Untitled-3 6
9/8/2020 3:47:39 PM