Download Print this page

Makita DUC353 Instruction Manual page 68

Cordless chain saw
Hide thumbs Also See for DUC353:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
3.
Држете го алатот само за изолираните
држачи затоа што синџирот на пилата може
да дојде во допир со скриени жици. Ако
синџирот на пилата допре жица под напон,
струјата може да се пренесе до металните
делови на алатот и да се предизвика струен
удар кај лицето што ракува со алатот.
4.
Носете безбедносни очила и заштита за
ушите. Се препорачува дополнителна заштита
за главата, нозете и стапалата. Соодветната
заштитна облека може да ги намали личните
повреди од летечките отпадоци или случајниот
контакт со синџирот на пилата.
5.
Не работете со моторната пила качени на
дрво. Ако работите со моторна пила додека
сте на дрво, може да дојде до лична повреда.
6.
Секогаш заземајте правилна положба и
ракувајте со моторната пила само кога
стоите на фиксирана, безбедна, израмнета
површина. Лизгавите или нестабилните
површини, како на пример скали, можат да
предизвикаат да изгубите рамнотежа или
контрола над моторната пила.
7.
Кога сечете гранка што е под тензија, бидете
подготвени дека може да се врати. Кога ќе се
ослободи напнатоста во дрвото, еластичната
гранка може да го удри лицето кое ракува
со електричниот алат и/или да предизвика
моторната пила да работи без контрола.
8.
Посебно внимавајте кога сечете грмушки и
фиданки. Тенкиот материјал може да го фати
синџирот на пилата и да го повлече кон вас или
да ја наруши вашата рамнотежа.
Носете ја моторната пила држејќи ја за
9.
предната рачка. Моторната пила треба
да биде исклучена и подалеку од вашето
тело. Кога ја превезувате или складирате
моторната пила, секогаш ставете го капакот
на насочувачката шипка. Ако правилно
ракувате со моторната пила, ќе се намали
можноста случајно да дојдете во контакт со
подвижниот синџир на пилата.
10. Следете ги упатствата за подмачкување,
затегнување на синџирот и за менување на
додатните делови. Ако синџирот е неправилно
затегнат или подмачкан, може да се скрши или да
ги зголеми шансите да се појави повратен удар.
Рачките нека бидат суви, чисти и без масло
11.
и маснотии. Маслосаните рачки се лизгави и
може да предизвикаат губење контрола.
12. Сечете само дрво. Не користете ја моторната
пила за цели за кои не е наменета. На пример: не
користете ја моторната пила за сечење пластика,
ѕидарски материјали или градежен материјал
што не е дрвен. Ако ја користите моторната пила
за работи за кои таа не е наменета, може да се
доведете во опасна ситуација.
13. Причини за повратниот удар и мерки на
претпазливост што може да ги преземе операторот:
До повратен удар може да дојде кога
насочувачката шипка ќе допре објект или
кога дрвото ќе се затвори и ќе се заглави
синџирот на моторот во пресекот. Во некои
случаи, контактот со врвот може да предизвика
ненадејна обратна реакција при што
насочувачката шипка се изместува нагоре и оди
наназад кон лицето кое ракува со електричниот
алат. Ако синџирот на пилата се заглави на
врвот на шипката за насочување, таа може
нагло да се придвижи кон лицето што ракува
со електричниот алат. Секоја од овие реакции
може да предизвика да изгубите контрола над
пилата, при што може да дојде до посериозни
физички повреди. Не потпирајте се само на
безбедносните уреди вградени во пилата.
Како корисник на моторната пила, треба да
преземете неколку чекори за да не дојде до
повреда или да се повредите кога сечете.
Повратниот удар е резултат од неправилна
употреба на алатот и/или неправилни работни
постапки и услови и може да се избегне со
преземање соодветни мерки на претпазливост,
како што е наведено подолу:
Цврсто држете го електричниот алат,
со палците и прстите околу рачките на
моторната пила, со двете раце на пилата
и поставете ги вашето тело и рака, така
што ќе можете да ги задржите повратните
импулси. Лицето што ракува со
електричниот алат може да ги контролира
повратните импулси, ако се преземат
соодветни мерки на претпазливост. Не
испуштајте ја моторната пила.
► Сл.1
Немојте да досегате и да сечете над
висина на рамената. Така ќе спречите
ненамерно допирање на врвот и ќе имате
подобра контрола над моторната пила во
неочекувани ситуации.
Користете само шипки и синџири
за замена што ги препорачува
производителот. Несоодветните шипки и
синџири за замена можат да предизвикаат
кршење на синџирот и/или појава на
повратен удар.
Следете ги упатствата на производителот
за острење и за одржување на моторната
пила. Ако дојде до намалување на
висината на мерачот на длабочина, може
да се појави поголем повратен удар.
14. Пред да почнете да работите, проверете
дали моторната пила е во соодветна
работна состојба и дека нејзината состојба
е во согласност со безбедносните
регулативи. Особено проверете дали:
сопирачката на синџирот работи
правилно;
сопирачката за намалување работи
правилно;
шипката и преградата на ѕвездестиот
лагер се правилно наместени;
синџирот е наострен и затегнат во
согласност со регулативите.
15. Не стартувајте ја моторната пила со
капакот на синџирот поставен на него. Ако
се стартува моторната пила со капакот на
синџирот поставен на него, тој може да биде
отфрлен нанапред и да резултира со телесна
повреда и оштетување на предметите околу
операторот.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
68 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

loading

This manual is also suitable for:

Duc303Duc400