Пред Првата Употреба; Користење На Апаратот - Philips AVENT SCF862 User Manual

Hide thumbs Also See for SCF862:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
МАКЕДОНСКИ
104
R
Капак на бокалот
S
Отвор за пареа на капакот на бокалот
Пред првата употреба
1
Отстранете ги материјалите за пакување од апаратот.
2
Пред првата употреба, темелно исчистете ги сите делови.
Погледнете во поглавјето „Чистење и отстранување бигор".
3
Препорачуваме да активирате еден циклус на пареа со празна
корпа за готвење на пареа и празен бокал пред да го употребите
апаратот за прв пат. Погледнете во поглавјата „Полнење на
резервоарот за вода" и „Готвење на пареа".
Користење на апаратот
Внимание
• Секогаш проверувајте ја температурата и густината на зготвената
храна на задниот дел од дланката за да се уверите дека таа е
безбедна за вашето бебе.
Овој апарат е наменет за готвење на пареа на свежи, цврсти состојки,
по што тие може да се блендираат додека да се добие густина која е
соодветна за бебиња. Најчесто прво треба да ги зготвите состојките
на пареа, а потоа да ги блендирате. Сепак, можете да го користите
апаратот и само за готвење на пареа или блендирање. Кога го
користите апаратот само за блендирање, можете да ги прескокнете
деловите „Полнење на резервоарот за вода" и „Готвење на пареа" и
да ги следите само инструкциите од делот „Само блендирање".
Уредот НЕ е наменет за следните намени.
-
Готвење на пареа на истите состојки подолго од 30 минути
-
Готвење на пареа на замрзнати сирови состојки
-
Блендирање пред готвењето на пареа
-
Загревање течности, како супа, сосови или вода
-
Подгревање храна
-
Одмрзнување храна
-
Варење ориз или тестенини
-
Сечкање на тврди состојки како коцки мраз или шеќер или
лепливи состојки како сирење

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents