Заклучување; Мрежа; Усб-Контрола; Усб-Мени - Tesla 6 SERIES Operating Instruction

Hide thumbs Also See for 6 SERIES:
Table of Contents

Advertisement

Напомена:
1. Audio Language и PVR File System функционираат само при DTV-извор.
2. Не исклучувајте го телевизорот од струја додека трае надградбата на софтверот
зашто во спротивно телевизорот нема да работи и ќе биде одговорен
потрошувачот.
3. Мрежната надградба и HBBTV може да не се достапни за некои региони и ќе важат
упатствата за вашиот телевизор.
Заклучување
Систем за заклучување: изберете On (Вклучено) за да ги овозможите следниве три
ставки од менито. Од вас ќе се побара да внесете лозинка. Стандардната лозинка е 0000.
Поставете лозинка: употребете го ова за да ја промените лозинката за заклучување.
Блокирај програма (само во телевизиски режим): ви овозможува ограничен пристап
до специфични канали со лозинка.
Родителски надзор (само во телевизиски режим): ви овозможува ограничен пристап
со лозинка до програми врз основа на оцената од родителите.
Напомена:
Aко ја смените лозинката и ја заборавите, може да ја внесете главната лозинка 8899 за
да ја поставите повторно на стандардната.
мрежа
Жичена мрежа: поврзете го телевизорот со помош на мрежен кабел.
Безжична мрежа: поврзете го телевизорот преку безжична Wi-Fi мрежа.
Статус на мрежата: проверете ги информациите за мрежата, како што се ИП, ДНС,
капијата, итн.
Напомена: за подетални информации во врска со мрежните поставки, притиснете
го копчето HOME (Почеток) за да ги отворите почетните карактеристики, изберете
„Settings" (Поставки) и изберете „Wired Network" (Жичена мрежа) или „Wireless
Network" (Безжична мрежа) за да извршите поставување. За повеќе информации
прочитајте го делот Поставки на страница 12.
усБ-контрола
усБ-мени
Може да гледате филмски, музички и фотографски датотеки од мемориски УСБ-уреди.
1. Поврзете УСБ-уред на влезниот терминал за УСБ.
2. Притиснете го копчето Home (Почеток) и изберете „Media Player" (Репродуктор на
медиуми).
3. Притиснете  или  kза да изберете типови на медиумски режими: ФИЛМ,
МУЗИКА И ФОТОГРАФИИ.
ФИлМ: репродуцирајте филмови од УСБ.
МУЗИКА: репродуцирајте музика од УСБ.
ФОТОГРАФИИ: гледајте фотографии од УСБ
потсетник кога да го користите усБ-репродукторот
1. Некои мемориски УСБ-уреди може да не се компатибилни за рамномерно работење со
овој телевизор.
85
МК

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

49s606sus43s606sus55s606sus

Table of Contents