Bosch GBH 5-40 DCE Original Instructions Manual page 116

Hide thumbs Also See for GBH 5-40 DCE:
Table of Contents

Advertisement

OBJ_BUCH-1742-003.book Page 116 Thursday, January 23, 2014 9:49 AM
116 | Македонски
Замена на алатот
Со SDS-max-прифатот за алат можете едноставно и лесно,
без користење на дополнителни алати, да го замените
алатот што се вметнува.
Капакот за заштита од прав 1 го спречува навлегувањето
на правта која се создава при дупчењето во прифатот на
алатот. Затоа при употребата на апаратот проверете дали
капакот за заштита од прав 1 е оштетен.
 Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
Ставање на алатот за вметнување (види слика A)
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
– Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Вадење на алатот за вметнување (види слика B)
– Турнете ја чаурата за заклучување 2 наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања
на дишните патишта на корисникот или лицата во
околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест може да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Подесување на начинот на работа
Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи 3 изберете
го начинот на работа на електричниот апарат.
1 609 92A 0FN | (23.1.14)
Напомена: Променете го начинот на работа само доколку
електричниот апарат е исклучен! Инаку електричниот
апарат може да се оштети.
– Свртете го прекинувачот за запирање на ударното
вретено 3 во саканата позиција.
Позиција за Дупчење со чекан
Доколку алатот за вметнување не почне да
се врти веднаш по вклучувањето, оставете
го електричниот апарат да поработи
полека, додека не почне да се врти и алатот
за вметнување.
Позиција Vario-Lock за подесување на
позицијата на длетото
Позиција за Длетување
Во позиција „Длетување", претходно избраниот број на
удари со тркалцето за подесување 7 автоматски се
зголемува при вклучувањето; притоа, електричниот
апарат работи со зголемена јачина при длетување.
Вклучување/исклучување при дупчење
– За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување 5 и држете го притиснат.
– За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 5.
Вклучување/исклучување при длетување
– За ставање во употреба на електричниот апарат,
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување 5 нагоре (I), додека не се фиксира.
– За да го исклучите, притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 5 надолу (0) и отпуштете го.
На ниски температури електричниот апарат дури по
одреден период го постигнува целосниот капацитет на
удари.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Електрониката за регулација овозможува бесстепено
бирање на бројот на вртежи и удари за работење во
согласност со материјалот.
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Professional gbh 5-40 dce

Table of Contents