МАКЕДОНСКИ
336
Бричење
Период на адаптација на кожата
Првите бричења можеби нема да ви го донесат
посакуваниот резултат, а вашата кожа можно
е дури и да биде малку воспалена. Ова е
вообичаена појава. На вашата кожа и брада им
треба време да се адаптираат на новиот систем
за бричење.
Ве советуваме да се бричите редовно
(најмалку 3 пати неделно) со овој брич во
период од 3 недели за да ѝ овозможите на
вашата кожа да се навикне на новиот брич.
Забелешка: Овој апарат може да се користи
единствено без кабел.
1
Вклучете го апаратот.
2
Поместувајте ги главите за бричење врз
вашата кожа со кружни движења.
Забелешка: Немојте да правите прави движења.
3
Исчистете го бричот по употреба
(погледнете во поглавјето „Чистење и
одржување").
Влажно бричење
Овој брич можете да го користите и додека сте
во када или на влажно лице со пена за бричење
или гел за бричење.
За да се бричите со пена за бричење или гел за
бричење, следете ги долунаведените чекори: