Bosch 0611272100 Instructions Manual page 164

Hide thumbs Also See for 0611272100:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 13
OBJ_BUCH-2460-001.book Page 164 Thursday, May 7, 2015 10:48 AM
164 | Македонски
Монтажа
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Дополнителна дршка
 Користете го вашиот електричен апарат само со
дополнителна дршка 14.
Свртете ја дополнителната дршка (види слика A)
Дополнителната дршка 14 може да ја вртите по желба, за
да си овозможите безбедна и неуморна работа.
– Вртете го долниот дел на дополнителната дршка 14
наспроти движењето на стрелките од часовникот и
навалете ја дополнителната дршка 14 во саканата
позиција. Потоа зацврстете го долниот дел на
дополнителната дршка 14 во правец на стрелките од
часовникот.
Внимавајте, затезната лента на дополнителната дршка
да легне во предвидениот жлеб на куќиштето.
Подесување на длабочина на дупчење (види слика B)
Со граничникот за длабочина 13 може да се утврди
длабочината на дупчење X.
– Притиснете го копчето за подесување на граничникот
за длабочина 12 и поставете го граничникот за
длабочина во дополнителната дршка 14.
Избраздениот дел на граничникот за длабочина 13
мора да покажува надолу.
– Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во
прифатот за алат SDS-plus 3. Инаку, доколку SDS-plus-
алатот е лабаво наместен, може да доведе до погрешно
подесување на длабочината на дупчење.
– Извлечете го граничникот за длабочина до тој степен,
да одговара на растојанието на саканата длабочина на
дупчење меѓу врвот на дупчалката и врвот на
граничникот за длабочина X.
Бирање на глава за дупчење и алат
За ударно дупчење и длетување потребен ви е SDS-plus-
алат, што ќе се вметне во SDS-plus-главата за дупчење.
За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика
како и за заштафување/одвртување се користат алати без
SDS-plus (напр. дупчалка со цилиндрично вратило). За
овие алати потребна ви е брзозатегачка глава за дупчење
одн. запчеста глава за дупчење.
GBH 2-24 DFR: SDS-plus-заменливата глава за дупчење 2
може лесно да се замени со испорачаната брзозатезна
заменлива глава за дупчење 1.
Замена на запчестата глава за дупчење
(GBH 2-24 RE/DRE)
За да може да работите со алати без SDS-plus (напр. со
дупчалка со цилиндрично вратило), мора да монтирате
соодветна глава за дупчење (запчеста или брзозатезна
глава за дупчење, опрема).
1 609 92A 170 | (7.5.15)
Монтирање на запчестата глава за дупчење
(види слика C)
– Зашрафете го SDS-plus-вратилото за прифат 20 во
запчестата глава за дупчење 19. Зацврстете ја
запчестата глава за дупчење 19 со сигурносна завртка
18. Внимавајте сигурносната завртка да има лев
навој.
Вметнување на запчестата глава за дупчење
(види слика C)
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за
прифат и малку намастете го.
– Запчестата глава за дупчење со вратилото за прифат
ставете ја со вртење во прифатот за алат, додека самата
не се заклучи.
– Проверете дали е заклучена со влечење на запчестата
глава за дупчење.
Вадење на запчестата глава за дупчење
– Турнете ја чаурата за заклучување 5 наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење 19.
Вадење/ставање на заменливата глава за
дупчење (GBH 2-24 DFR)
Извадете ја резервната глава за дупчење
(види слика D)
– Извлечете го наназад прстенот за заклучување на
заменливата глава за дупчење 6, држете го цврсто во
оваа позиција и извлечете ја нанапред SDS-plus-
заменливата глава за дупчење 2 одн. брзозатезната
заменлива глава за дупчење 1.
– Откако ќе ја извадите, заштитете ја заменливата глава
за дупчење од нечистотија.
Вметнете ја резервната глава за дупчење
(види слика E)
– Исчистете ја заменливата глава за дупчење пред да ја
ставите и подмачкајте го лесно крајот за вметнување.
– Фатете ја SDS-plus-заменливата глава за дупчење 2
одн. брзозатезната заменлива глава за дупчење 1 со
целата дланка. Вметнете ја заменливата глава за
дупчење со вртење во прифатот за главата за дупчење
21, додека не слушнете дека е вклопена.
– Резервната глава за дупчење сама се заклучува.
Проверете дали е заклучена со влечење на резервната
глава за дупчење.
Замена на алатот
Капакот за заштита од прав 4 го спречува навлегувањето
на правта која се создава при дупчењето во прифатот на
алатот. Затоа при употребата на апаратот проверете дали
капакот за заштита од прав 4 е оштетен.
 Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
Ставете SDS-max алат за вметнување (види слика F)
Со SDS-plus-главата за дупчење можете едноставно и
лесно без користење на дополнителни алати да го
замените алатот што се вметнува.
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents