Bosch Professional GBH 18V-28 C Original Instructions Manual page 282

Hide thumbs Also See for Professional GBH 18V-28 C:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 19
282 | Македонски
Амортизација на вибрациите
Вградената амортизација за вибрации ги
намалува вибрациите кои настануваат во
текот на работењето.
Не го употребувајте електричниот апарат, доколку
u
е оштетен елементот за придушување.
Вметнување на битови за одвртувач (види слика N)
Електричниот алат ставете го на навртката/
u
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
За користење на битовите за одвртувач потребен ви е
универзален држач (38) со SDS-plus-вратило за прифат
(опрема).
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за
прифат и малку намастете го.
– Универзалниот држач ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучена со влечење на
универзалниот држач.
– Ставете еден бит за одвртувач на универзалниот
држач. Користете само битови што се соодветни на
главата за завртување.
– За вадење на универзалниот држач вметнете ја
чаурата за заклучување (5) наназад и извадете го
универзалниот држач (38) од прифатот за алат.
Закачување на електричниот алат (види слика O)
Со куките за закачување (13) може да го прицврстите
електричниот алат на соодветниот уред за закачување.
– Притиснете ја куката за закачување (13) кратко во
насока на рачката (11), за да го олабавите
заклучувањето. Куката за закачување автоматски се
движи на задната страна.
– Вртете ја куката за закачување на страна.
– Проверете ја куката за закачување (13) да не е
оштетена или деформирана.
Не ја користете куката за закачување (13) доколку е
оштетена, деформирана или не е добро прицврстена
на електричниот уред.
– Закачете го електричниот алат со куката за
закачување (13) на стабилен уред за закачување.
За да избегнете оштетување или повреди, уредот за
закачување не смее да биде поставен над тротоарите
или во непосредна близина на работни места.
Куката за закачување треба да се користи за
закачување на електричниот алат и за додатоците за
монтажа.
– Свртете ја куката за закачување (13) назад и
притиснете ја малку нанапред и надолу во позиција за
заклучување, кога работите со електричниот алат.
Никогаш не ја користете куката за закачување (13)
u
за заштита од паѓање.
Никогаш не го прицврстувајте додатокот за
заштита од паѓање на куката за закачување.
1 609 92A 6J5 | (03.03.2023)
Прицврстување на делот за заштита од паѓање (види
слика P)
Напомена: за да се осигурате дека електричниот алат
нема да падне, за тежината на системот треба да
користите соодветен додаток за заштита од паѓање (40).
Максимално дозволената должина на додатокот за
заштита од паѓање изнесува 1,8 m. Почитувајте го
дозволеното поле за прицврстување (39) на
електричниот алат.
За да го заштитите уредот од паѓање користете врвка со
анкер или користете го делот за заштита од паѓање со
амортизација на пад.
При прицврстувањето на делот за заштита од паѓање (40)
почитувајте го соодветното упатство за работа.
Спротивните страни на делот за заштита од паѓање
u
прикачете ги на стабилна конструкција (на пр.
објект или скеле) и никогаш на самиот корисник.
Делот за заштита од паѓање мора да може
слободно да се движи и треба да биде прицврстен
само на фиксна точка на спојување (41) и во
дозволеното поле на прицврстување (39) на
електричниот алат.
Изберете ја фиксната точка на спојување (41) така
што електричниот алат во случај на пад, ќе падне
безбедно во безбедносната преграда, без притоа
да се замота околу корисникот или да му наштети.
Никогаш не ја користете куката за закачување (13)
за заштита од паѓање.
Никогаш не го прицврстувајте додатокот за
заштита од паѓање на куката за закачување.
Никогаш не користете додаток за заштита од
паѓање на електричниот алат со монтирано
всисување на прав GDE 18V-16 D или GDE 16 Plus.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
u
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
– Исчистете го прифатот за алат (3) по секоја употреба.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Professional gbh 18v-28 cf

Table of Contents