Hisense AP220H HSN User Manual page 32

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 58
КОРИСТЕЊЕ НА ПРОИЗВОДОТ 7
Копче за вклучување / исклучување
Вклучете го прочистувачот на воздух. Допрете го ова копче
за да го вклучите / исклучите прочистувачот на воздух.
Индикаторот светнува и истовремено се огласува звучен
сигнал. Стандардно, прочистувачот работи на мала брзина.
Копче за одредување на брзината на вентилатор
Ако го допрете ова копче, брзината на вентилаторот се
менува редоследно:
(мала)
(средна)
(голема)
(ноќен режим)
Се пали соодветниот индикатор, придружен со звучен
сигнал.
Во Ноќниот режим, прочистувачот на воздух работи тивко, со
најмалата можна брзина на вентилаторот, а сите индикатори
се исклучени.
Допрете било кое копче и задржете го 5 секунди за да го
активирате екранот. Кога екранот е активиран, прочистувачот
работи според вашите поставки.
Копче за подесување на тајмерот
Може да го поставите тајмерот на 1, 4 или 8 часа. Допрете
го ова копче повеќе пати за да изберете време. Светнува
соодветниот индикатор, придружен со звучен сигнал.
Индикаторите за тајмерот светнуваат кога се активни. Штом
времето зададено со тајмерот ќе заврши, прочистувачот на
воздухот се исклучува. За да го исклучите тајмерот, допрете
го и држете го притиснато ова копче додека не се исклучат
сите индикатори за тајмерот.
Можете да ја менувате брзината на вентилаторот во било
кое време додека тајмерот е вклучен. При промена на
зададеното време, тајмерот се рестартира.
Копче за замена на филтер
Кога ќе истече векот на траење на филтерот, индикаторот
за замена на филтерот ќе почне да трепка, потсетувајќи ве
да го замените. По менувањето на филтерот, притиснете
го копчето и задржете го притиснато 5 секунди за да го
ресетирате.
Безбедносен прекинувач
Во почетната фаза на работа, прочистувачот на воздухот
се исклучува автоматски доколку се отвори капакот на
филтерот.
Откако капакот на филтерот ќе се врати на место,
32
прочистувачот може да се вклучи рачно.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents