Bosch Professional GBH 18V-34 CF Original Instructions Manual page 242

Hide thumbs Also See for Professional GBH 18V-34 CF:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 16
242 | Македонски
Замена на алат, брзозатегнувачка заменлива глава за
дупчење
Ставање на алатот за вметнување (види слика F)
Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно
дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата
за дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното
дупчење или длетување.
– Вметнете ја брзозатегнувачката заменлива глава за
дупчење (1) со интегрирано запирање на ударот.
Напомена: Користете ја специфичната брзозатегнувачка
заменлива глава за дупчење со интегрирано запирање на
ударот исклучиво за GBH 18V-34 CF. Само со оваа глава
за дупчење можете да осигурате дека пневматскиот
ударен механизам на чеканот за дупчење нема да ги
оштети алатите за вметнување.
– Држете го цврсто затезниот прстен (22) на
брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење.
Отворете го прифатот за алат со вртење на предната
чаура (21) додека не дојде во позиција каде може да
се вметне алатот. Држете го цврсто затезниот прстен
(22) и вртете ја предната чаура (21) во правец на
стрелката, додека не слушнете дека е вклопена.
– Проверете дали е зацврстена со влечење на алатот.
Напомена: Доколку прифатот за алат е отворен до крај,
при вртење на истиот може да се слушне како се
вклопува, а сепак да не се затвора.
Во овој случај, свртете ја еднаш предната чаура (21) во
правец спротивен на стрелката. Потоа може да се
затвори алатот за прифат.
– Свртете го комбинираниот прекинувач (7) во позиција
„Дупчење".
Вадење на алатот за вметнување (види слика G)
– Држете го цврсто затезниот прстен (22) на
брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење.
Отворете го прифатот за алат со вртење на предната
чаура (21) во правец на стрелката, додека не дојде во
позиција каде може да се извади алатот.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
1 609 92A 70J | (16.11.2021)
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте капакот (13) наBluetooth
u
модулот GCY 42 да биде затворен за време на
работата. На тој начин ќе избегнете влегување на
прав.
Подесување на режимот на работа (види слика H)
Со комбинираниот прекинувачот (7) изберете го начинот
на работа на електричниот алат.
Напомена: Променете го режимот на работа само
доколку електричниот алат е исклучен! Инаку
електричниот алат може да се оштети.
Напомена: Ако се префрлите на друг режим на работа
додека прекинувачот за вклучување/исклучување е
блокиран, електричниот алат ќе се исклучи.
– За промена на режимот на работата свртете го
комбинираниот прекинувачот (7) во саканата
позиција, додека не слушнете дека се вклопил.
Позиција за ударно дупчење во бетон или
камен
GBH 18V-34 CF со брзозатегнувачката
заменлива глава за дупчење (1): Позиција за
Дупчење без удари во дрво, метал,
керамика и пластика (Десен тек)
Позиција за Десен тек за олабавување на
алатот за вметнување од делот што се
обработува
Позиција Vario-Lock за подесување на
позицијата на длетото.
Позиција за Длетување
Вклучување/исклучување
– По можност, олабавете го копчето за фиксирање (9)
за прекинувачот за вклучување/исклучување.
– За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (11).
Светлото свети доколку прекинувачот за вклучување/
исклучување (11) е половично или целосно притиснат и
овозможува осветлување на работното поле при
неповолни светлосни услови.
®
Low Energy
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Professional gbh 18v-34Gbh 18v-34 cf professional

Table of Contents