LG -M250E User Manual page 998

Hide thumbs Also See for LG-M250E:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Внимавајте да го користите USB-кабелот испорачан со вашиот уред.
Внимавајте да користите полнач, батерија и кабел за полнење одобрени
од LG. Полнењето на батеријата со полнач од трета страна може да
предизвика експлозија на батеријата или да го оштети уредот.
Користењето на уредот кога тој се полни може да предизвика
електричен удар. За да го користите уредот, прекинете го полнењето.
Откако уредот целосно ќе се наполни, откачете го полначот од
приклучокот на електричната мрежа. Тоа спречува непотребна
потрошувачка на електричната енергија.
Друг начин за полнење на батеријата е со поврзување на уредот со
десктоп или лаптоп компјутер преку USB-кабел. За тоа може да биде
потребно повеќе време од полнењето на батеријата на вообичаениот
начин.
Не полнете ја батеријата користејќи USB-размножувач кој не може да го
одржува номиналниот напон. Полнењето може да биде неуспешно или
ненадејно да прекине.
Мерки на внимание при користење на уредот
Кога ја менувате батеријата, обрнете посебно внимание во уредот да не
навлезат надворешни честички или вода.
Погрижете се внатрешноста на уредот да не дојде до контакт со метален
предмет или вода.
Внимавајте да го користите испорачаниот USB-кабел; не користете
USB-кабли или полначи од трети страни за вашиот уред. Ограничената
гаранција на LG не покрива користење прибор од трети страни.
Непридржувањето до инструкциите од ова упатството и неправилното
користење може да го оштети уредот.
Основни функции
28

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents