Прикачување На Телевизорот Со Држачот; Мерки За Безбедност: Прицврстување На Телевизорот За Ѕид За Да Спречите Паѓање На Телевизорот - Samsung Q950R Series User Manual

Hide thumbs Also See for Q950R Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Прикачување на телевизорот со држачот
Проверете дали ја имате сета прикажана галантерија, а потоа составете го држачот следејќи ги
понудените инструкции за составување.
Мерки за безбедност: Прицврстување на телевизорот за ѕид за да
спречите паѓање на телевизорот
Внимание: Повлекувањето, туркањето или качувањето на телевизорот може да
предизвика паѓање на телевизорот. Особено внимавајте вашите деца да не се држат за
телевизорот и да не го дестабилизираат. Ова движење може да доведе до превртување
на телевизорот, предизвикувајќи сериозни повреди или смрт. Придржувајте се до
сите безбедносни мерки кои се наведени во безбедносниот леток кој се испорачува
со вашиот телевизор. За дополнителна стабилност и безбедност, може да го купите и
инсталирате системот против паѓање како што е опишано подолу.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш не го поставувајте телевизорот на нестабилно место. Телевизорот
може да падне и да предизвика сериозни повреди или смрт. Многу повреди, особено кај децата,
можат да се избегнат со преземање неколку едноставни мерки на претпазливост, како на пример
• Користење ормани или масички кои ги препорачува производителот на телевизорот.
• Користење само мебел што може безбедно да го држи телевизорот.
• Проверување дали телевизорот виси на работ од мебелот на кој е поставен.
• Да не го поставувате телевизорот на висок мебел (на пример, ормани или полици) без да го
прицврстите и мебелот и телевизорот на соодветна подлога.
• Да не го поставувате телевизорот на ткаенини или други материјали што можат да се стават
помеѓу телевизорот и мебелот на кој е поставен.
• Да ги поучите децата за опасностите од качување врз мебелот за да го достигнат
телевизорот или неговите копчиња.
Ако го задржите и преместите телевизорот што го заменувате со овој нов телевизор, тогаш
треба да ги применувате истите мерки на претпазливост за стариот телевизор.
Мерки со кои ќе спречите паѓање на телевизорот
1. Носачите треба добро да се прицврстат за ѕидот со помош
на соодветни завртки. Проверете дали завртките се цврсто
прикачени на ѕидот.
– Може да ви бидат потребни дополнителни материјали како
ѕидни типли, во зависност од типот на ѕидот.
2. Носачите треба добро да се прицврстат за телевизорот со помош
на завртки со соодветна големина.
– За спецификации за завртките, погледнете го делот за стандардни
завртки во табелата во "Монтирање на телевизорот на ѕид".
3. Поврзете ги носачите прицврстени за телевизорот и носачите
прицврстени на ѕидот со издржлива и цврста жица, а потоа силно
прицврстете ја жицата.
– Поставете го телевизорот блиску до ѕидот за да не може да
падне наназад.
– Поврзете ја жицата така што носачите прицврстени за ѕидот
да се наоѓаат на иста висина или пониско од носачите
прицврстени за телевизорот.
• Бојата и обликот на
производот може да се
разликуваат во зависност од
моделот.
Македонски - 11

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Qe65q950rQe75q950r

Table of Contents