Bosch GST 12V-70 Professional Original Instructions Manual page 163

Heavy duty
Hide thumbs Also See for GST 12V-70 Professional:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 13
OBJ_BUCH-2905-001.book Page 163 Monday, July 4, 2016 2:41 PM
Тркалезни резови (види слика I): Ставете го шрафот за
фиксирање 26 на другата страна од паралелниот
граничник. Вметнете ја скалата од паралелниот граничник
низ водилката 13 во основната плоча. Во средината на
делот за обработка во отворот што треба да се исече
издупчете една дупка. Поставете го врвот за центрирање
28 низ внатрешниот отвор на паралелниот граничник во
издупчената дупка. Поставете го радиусот како вредност
на скалата на внатрешниот раб на основната плоча.
Зацврстете го шрафот за фиксирање 26.
Средства за разладување/подмачкување
При сечење на метал, заради вжештување на материјалот,
нанесете средство за ладење одн.подмачкување по
должината на линијата на резот.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Редовно чистете го прифатот за листовите за пила. За го
исчистите, извадете го листот за пила од електричниот
апарат и тропнете лесно со електричниот апарат на рамна
површина.
Јаката нечистотија на електричниот апарат може да
доведе до пречки во функцијата. Поради тоа,
материјалите од кои се создава многу прав при сечењето,
не ги сечете од долу или над главата.
Водечкиот валјак 10 подмачкајте го одвреме-навреме со
неколку капки масло.
Редовно контролирајте го водечкиот валјак 10. Доколку е
истрошен, мора да се замени во овластената
специјализирана продавница на Bosch.
Пластичната лизгачка папуча 12 треба да се замени,
доколку е изабена.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Bosch Power Tools
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте
ја батеријата на тој начин што нема да се движи во
амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни
национални прописи.
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата и
амбалажите треба да се отстранат на еколошки
прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во
домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според европската регулатива
2012/19/EU електричните апарати што се
вон употреба и дефектните или
искористените батерии според
регулативата 2006/66/EC мора одделно
да се соберат и да се рециклираат за
повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на
напомените во дел „Транспорт",
cтрана 163.
Се задржува правото на промена.
Македонски | 163
1 609 92A 3B5 | (4.7.16)

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents