Dolmar PM-411 C Original Instruction Manual page 232

Hide thumbs Also See for PM-411 C:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
8. УПАТСТВА ЗА ОДРЖУВАЊЕ
СВЕЌИЧКА
Користете само оригинална свеќичка за замена. За
најдобри резултати, заменувајте ја свеќичката на
секои 100 часа употреба. (видете во ПРИРАЧНИКОТ
ЗА МОТОРОТ).
ГУРТНИ НА КОЧНИЦАТА
Редовно проверувајте ги и/или менувајте ги гуртните
на кочницата на моторот кај сервисен агент, а за
замена, смее да се употребуваат само оригинални
резервни делови.
9. УПАТСТВА ЗА
ПОДМАЧКУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ: ОТКАЧЕТЕ ГО КАБЕЛОТ ЗА
СВЕЌИЧКАТА ПРЕД СЕРВИСИРАЊЕ.
1. ТРКАЛА - Подмачкувајте ги лежиштата на секое
тркало со лесно масло барем еднаш во сезона.
2. МОТОР - Постапувајте според упатствата за
подмачкување од прирачникот за моторот.
10. ЧИСТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ: Не чистете го моторот со црево.
Водата може да го оштети моторот или да го загади
горивниот систем.
1. Бришете ја главата со сува крпа.
2. Чистете со црево под главата навалувајќи ја
косилката така што свеќичката ќе биде горе.
10-1 ПРЕЧИСТУВАЧ НА ВОЗДУХОТ НА
МОТОРОТ
ВНИМАНИЕ: Не дозволувајте земја или
прашина да го затнат сунѓерестиот елемент на
филтерот за воздух.
Елементот на пречистувачот за воздух на моторот
треба да се сервисира (чисти) по 25 часа нормално
косење. Сунѓерестиот елемент мора да се сервисира
редовно ако косилката се користи во суви правливи
услови. (видете во ПРИРАЧНИКОТ ЗА МОТОРОТ).
ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ ЗА
ВОЗДУХ
1. Подигнете го јазичето на капакот на филтерот.
(Сл. 25А, Сл. 25В)
2. Извадете го капакот на филтерот.
3. Измијте го елементот на филтерот во сапуница. НЕ
КОРИСТЕТЕ БЕНЗИН!
4. Исушете го елементот на филтерот на воздух.
5. Ставете неколку капки масло SAE30 на
сунѓерестиот филтер и притиснете благо за да се
отстрани вишокот масло.
6. Вратете го филтерот на место.
7. Затворете го капакот на филтерот.
232
НАПОМЕНА: Заменете го филтерот ако е
распарчен, искинат, оштетен или не може да се
исчисти.
10-2 СЕЧИЛО
ВНИМАНИЕ: Внимавајте да го откачите и
взејмите кабелот на свеќичката пред да работите на
сечилото за да не дојде до случајно палење на
моторот. Заштитете ги рацете со тешки ракавици или
крпа за да ги фатите сечилата.
Навалете ја косилката како што е одредено во
посебниот прирачник за моторот. Извадете ги имбус
завртката и шајбната што ги држат сечилото и
адаптерот за погонската оска на моторот. Извадете ги
сечилото и адаптерот од оската.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Повремено
проверувајте го адаптерот за сечилото да не е
напукнат, особено ако удрите во некој предмет.
Заменете ако е потребно.
За најдобри резултати, сечилото треба да е остро.
Сечилото може да се наостри откако ќе се извади и ќе
се избруси или истурпија работ за сечење колку што е
можно поблиску до оригиналната состојба. Многу е
важно секој раб за сечење да се избруси подеднакво
за да не дојде до неврамнотежено сечило.
Неправилна рамнотежа на сечилото ќе доведе до
прекумерни вибрации, што може да ги оштети моторот
и косилката. Внимателно врамнотежете го сечилото по
острењето. Сечилото може да се испроба дали е
врамнотежено со ставање на врвот на завртка.
Отстранувајте метал од потешката страна додека не
се врамнотежи рамномерно. (Сл. 26)
Пред да ги составите сечилото и адаптерот со уредот,
подмачкајте ги оската на моторот и внатрешната
површина на адаптерот со лесно масло. Наместете го
адаптерот за сечилото на оската. Видете на Сл. 26.
Ставете го сечилото со бројот на делот свртен од
адаптерот. Порамнете ја шајбната преку сечилото и
вметнете ја имбус-завртката. Затегнете ја имбус-
завртката до моментот наведен подолу.
10-3 ВРТЛИВ МОМЕНТ ЗА МОНТИРАЊЕ
НА СЕЧИЛОТО
Средишната завртка треба да се затегне до момент од
35 - 45 Nm. За да осигурате безбедна работа на уредот.
СИТЕ навртки и завртки треба да се проверуваат
повремено дали се затегнати. По подолга употреба,
особено на попесоклива почва, сечилото ќе се изаби и
ќе го изгуби оригиналниот облик. Сечењето ќе биде
помалку ефикасно и сечилото треба да се замени.
Заменувајте го само со фабрички одобрено сечило.
Производителот не е одговорен за евентуални
оштетувања поради неврамнотеженост на сечилото.
Кога го менувате сечилото, треба да го користите
оригиналниот тип означен на сечилото (DOLMAR
263001433 за PM-411 C, DOLMAR 263001451 за
PM461R) (за да нарачате сечило, контактирајте со
локалниот продавач или јавете се кај нас).

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Pm-461r

Table of Contents