Bosch Professional GMS 120 Original Instructions Manual page 278

Digital detector
Hide thumbs Also See for Professional GMS 120:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 19
278 | Македонски
Избегнувајте да мерите во близина на уреди што испуштаат
силни електрични, магнетни или електромагнетни полиња.
Доколку е можно, деактивирајте ги соодветните функции кај сите
уреди чие зрачење може да влијае на мерењето или исклучете ги
уредите.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
Пред вклучување на мерниот уред, проверете полето на сензорот (13) да не
u
е влажно. Доколку е влажно, исушете го мерниот уред со крпа.
Доколку мерниот уред бил изложен на големи температурни разлики,
u
оставете го да се прилагоди на температурата пред да го вклучите.
За вклучување на мерниот уред притиснете на копчето за вклучување/
исклучување (5).
За исклучување на мерниот уред, одново притиснете на копчето за вклучување/
исклучување (5).
Ако на мерниот уред не се притисне некое копче 5 min и не се детектира предмет,
тогаш мерниот уред автоматски се исклучува заради заштита на батеријата.
Вклучување/исклучување на осветлувањето на екранот
Со копчето за осветлување на екранот (6) можете да го вклучите и исклучите
осветлувањето на екранот.
Вклучување/исклучување на сигналниот тон
Со копчето сигнален тон (7) можете да го вклучите и исклучите сигналниот тон. При
исклучен сигнален тон, на екранот се појавува приказот за сигнален тон (a).
Функционалност (види слика B)
Со мерниот уред се пребарува подлогата на подрачјето на сензорот (13) во мерна
насока A до максималната длабочина на регистрирање. Се препознаваат предмети,
коишто се разликуваат од материјалот на ѕидот.
Движете го мерниот уред праволиниски по ѕидот во правец B.
Движете го мерниот уред постојано со лесен притисок над подлогата, без да го
подигнувате или да го менувате притисокот.
За време на мерењето, лизгачот (12) мора постојано да има контакт со подлогата.
1 609 92A 7LE | (07.04.2022)
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents