Bosch UniversalSaw 18V-100 Original Instructions Manual page 186

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 15
186 | Македонски
(12) со неперманентен маркер и повторно да се
отстрани.
За прецизно работење најдобро е да направите пробен
рез.
Поместување на основната плоча (види слика J)
За сечење во близина на рабовите можете наназад да ја
поместите основната плоча (7).
Извадете го депото за сечило за пила (18) од основната
плоча (7) одн. извадете ја лизгачката папуча (19).
Олабавете ја завртката (25) и притиснете ја основната
плоча (7) до крај во правец на мерните млазници (6).
Повторно затегнете го шрафот (25).
Сечењето со поместена основна плоча (7) е можно само
со агол на косо сечење од 0°. Освен тоа, не смеат да се
користат контролата на линиите на сечење Cut Control со
основата (10), паралелниот граничник со кружен
отсекувач (29) (опрема) како и заштитата од кинење
(20).
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни
за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истиот.
Вметнете ја наполнетата батерија (4) во прифатот за
батерија, додека не слушнете дека е вклопена и
блокирана.
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот алат прво притиснете ја
блокадата при вклучување (1). Потоа притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) и држете
го притиснат.
Работната светилка свети при малку или целосно
притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (2) и
овозможува осветлување на работното поле при услови
на слаба осветленост.
За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2).
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување (2) нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
Контрола на бројот на работни одови
Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (2).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (2) се постигнуваат мал број на работни
одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на работни одови.
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот
и работните услови и може да се одреди со практична
примена.
1 609 92A 5Y0 | (27.05.2021)
Се препорачува намалување на бројот на работни одови
при поставување на сечилото за пила на алатот, како и
при сечење на пластика и алуминиум.
При подолготрајно работење со мал број на работни
одови, електричниот алат може многу да се вжешти.
Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот
алат да работи околу 3 мин. со максимален број на
работни одови.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При преголемо оптоварување или
работење надвор од дозволените граници на
температура за батеријата, се намалува бројот на вртежи
или се исклучува електричниот уред. При намален број
на вртежи, електричниот алат се вклучува дури откако ќе
се постигне дозволената температура на батеријата или
при намалено оптоварување со полн број на вртежи. При
автоматско исклучување, исклучете го електричниот
алат, оставете ја батеријата да се олади и повторно
вклучете го.
3-те LED-светилки на приказот за наполнетост на
батеријата (3) брзо трепкаат, доколку температурата на
батеријата е надвор од опсегот на работна температура
од −20 до +50 °C и/или реагира заштитата од
преоптоварување.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Доколку се блокира сечилото за пила, исклучете го
u
електричниот алат.
Доколку обработувате мали или тенки делови
u
секогаш користете стабилна подлога или маса за
пила (опрема).
Сечење со вдлабнување (види слика L)
Смеат да се обработуваат само меки материјали
u
како дрво, гипс картон и сл. при сечење со
вдлабнување!
За сечење со вдлабнување користете само кратки сечила
за пила. Сечењата со вдлабнување се можни само со агол
на закосување од 0°.
Поставете го електричниот алат со предниот раб на
основната плоча (7) на делот што се обработува, без
сечилото за пила (11) да го допира делот што се
обработува и вклучете го. Кај електричните алати со
контрола на бројот на удари, поставете го максималниот
број на работни одови. Притиснете го електричниот алат
на делот што се обработува и оставете го сечилото за
пила полека да се вдлабне во делот што се обработува.
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

0603011100

Table of Contents