Makita JV102D Instruction Manual page 52

Hide thumbs Also See for JV102D:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Косо сечење
ВНИМАНИЕ:
Пред секое навалување на
основата, секогаш проверувајте дали алатот е
исклучен и касетата со батеријата е извадена.
Кога основата е накосена, можете косите пресеци да
ги правите со агол од 0° до 45° (лево или десно).
► Сл.11
Разлабавете ја навртката на задниот дел на основата со
имбус-клучот. Поместете ја основата за навртката да дојде
во центарот на каналот на основата во облик на крст.
► Сл.12: 1. Имбус-клуч 2. Завртка 3. Основа
Навалувајте ја основата додека не го постигнете
саканиот надолжен кос агол. Работ на куќиштето
на моторот го означува аголот на пресеците по
градација. Потоа, стегнете ја завртката за да ја
прицврстите основата.
► Сл.13: 1. Раб 2. Градација
Предни пресеци за израмнување
► Сл.14: 1. Имбус-клуч 2. Завртка 3. Основа
Разлабавете ја навртката на задниот дел на
основата со имбус-клучот и излизгајте ја основата
целосно наназад. Потоа, стегнете ја завртката за да
ја прицврстите основата.
Исечоци
Исечоци се прават со еден од двата метода
„Дупчење почетна дупка" и „Сечење со забивање".
Дупчење на почетна дупка
► Сл.15
За внатрешни исечоци без воведен пресек од
некој агол, претходно издупчете почетна дупка со
дијаметар од 12 мм или повеќе. Ставете го ножот во
оваа дупка за да почнете да го правите засекот.
Сечење со забивање
► Сл.16
Нема потреба да издупчите почетна дупка или
воведен пресек ако внимателно го сторите следново.
1.
Потпрете го алатот на предниот раб на
основата, ножот на убодната пила да е поставен
токму над површината на материјалот.
2.
Потпрете го алатот за предниот раб на
основата да не мрда кога ќе го вклучите алатот, и
спуштете го задниот дел на алатот нежно и полека.
3.
Кога ножот на ударната пила ќе продре низ
материјалот, полека спуштете ја основата на алатот
на површината на материјалот.
4.
Пресекот завршете го на нормален начин.
Обликување на рабовите
► Сл.17
За обликување на рабовите или за прилагодување
на димензиите, пројдете со ножот на ударната пила
лесно по исечените рабови.
Сечење метал
Секогаш користете соодветен разладувач (масло за
сечење) кога сечете метал. Во спротивно, може да
дојде до значително абење на ножот на ударната
пила. Наместо да користите разладувач, долниот
дел на материјалот можете да го подмачкувате.
Собирање на правот
Опционален додаток
Сечењето може да биде уште почисто ако го поврзете
алатот со вакуумската правосмукалка Makita.
Монтирање или вадење на капакот
за прав
Извадете го капакот за прав како што е покажано на
сликата.
► Сл.18: 1. Капак за прав
За да го отстраните капакот за прав, притиснете ја
едната страна од капакот и потоа отстранете го како
што е покажано на сликата.
► Сл.19: 1. Капак за прав
Монтирање или вадење на
смукалката за прав
Вметнете ја смукалката за прав докрај во алатот.
► Сл.20: 1. Смукалка за прав
За да ја отстраните смукалката за прав, извлечете ја
додека го притискате копчето на неа.
► Сл.21: 1. Копче 2. Смукалка за прав
Поврзување на алатот со
вакуумска правосмукалка
Поврзете го цревото од вакуумската правосмукалка
со смукалката за прав.
► Сл.22
Надолжен граничник
Опционален прибор
ВНИМАНИЕ:
или отстранување на додатните делови,
проверувајте дали алатот е исклучен и
касетата со батеријата е извадена.
Рамни засеци
Кога неколкупати по ред сечете парчиња од 160 мм
или помалку, ако ја користите лизгачката основа, ќе
имате брзи, чисти, прецизни пресеци.
► Сл.23: 1. Надолжен потпирач (шина-водилка)
За да ја монтирате лизгачката основа, ставете ја
во лизгачката основа на правоаголната дупка на
страната на основата, со насочувачот на лизгачката
основа свртен надолу. Излизгајте ја лизгачката
основа до позицијата на посакуваната ширина,
потоа зацврстете ја навртката за да ја прицврстите.
► Сл.24: 1. Имбус-клуч 2. Завртка 3. Шублер
4. Надолжен потпирач (шина-водилка)
52 МАКЕДОНСКИ
Пред секое монтирање

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents