LG 65UH61 Series Safety And Reference page 287

Hide thumbs Also See for 65UH61 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Наведете ги сите сервисирања на овластени сервисни лица.
Сервисирање е потребно кога уредот е оштетен на каков било
начин, како во случај на неисправност на кабелот за напојување
или приклучокот на кабелот, прскање на течност или кога објекти
паднале во уредот, изложување на уредот на дожд или влага, кога
тој не функционира нормално, или доколку се испушти.
Ако производот е ладен на допир, при вклучувањето може да се
појави мало "треперење". Ова е нормално, кај производот нема
никаков проблем.
Овој екран е напреден производ кој содржи неколку милиони
пиксели. На панелот може да се видат мали црни точки и/или
светло обоени точки (црвени, сини или зелени) со големина од 1
ppm. Ова не укажува на дефект и не влијае врз перформансите и
сигурното функционирање на производот.
Овој феномен исто така се случува и кај производи на трети страни
и не може да биде причина за замена или враќање на пари.
Во зависност од местото на гледање може да забележите различна
осветленост и боја на екранот (лево/десно/горе/долу).
Овој феномен се должи на карактеристиките на панелот. Ова не е
поврзано со перформансите на производот, и тоа не претставува
неисправност.
Прикажувањето на неподвижна слика на подолг временски
период може да предизвика врежување на сликата. Избегнувајте
прикажување на фиксна слика на ТВ екранот на подолг временски
период.
Генериран звук
Звук на "крцкање": Звукот на крцкање кој настанува за време
на гледање или исклучување на телевизорот се генерира при
термичко собирање на пластиката заради температурата и
влажноста. Овој шум е вообичаен кај производите кај кои доаѓа
до термички деформации. Брмчење на електричните кола/
зуење на панелот: Шум со ниско ниво се генерира од колата
со преклопување со голема брзина, кои испорачуваат големи
количини на струја за функционирање на производот. Шумот се
разликува во зависност од производот.
Овој генериран звук не влијае врз перформансите и сигурното
функционирање на производот.
Не користете електронски уреди со висок напон во близина на
телевизорот (на пр. електрична тепалка за комарци). Тоа може да
предизвика неисправност на производот.
Гледање на 3D слика (само 3D
модели)
ВНИМАНИЕ
Децата треба да ги надгледува возрасно лице кога гледаат
3D видео запис. Доколку детето се пожали на замор на очите,
главоболка или замаглен вид додека гледа 3D, препорачливо
е да одмори одреден временски период пред да продолжи да
гледа 3D содржини.
При гледање на 3D видео запис, некои лица можно е да
почувствуваат непријатности како главоболка, вртоглавица,
замор или замаглен вид. Во тој случај, престанете со
гледањето на 3D видео снимки и одморете.
Доколку гледате 3D снимки подолг временски период, можно
е да почувствувате замор на очите. Во тој случај, престанете со
гледањето на 3D видео снимки и одморете.
Користете само LG 3D очила. Во спротивно, може да не бидете
во можност да гледате 3D видео снимки правилно.
Немојте да ги користете 3D очилата наместо вашите нормални
очила, очилата за сонце или заштитните очила.
Не чувајте ги 3D очилата на екстремно високи или ниски
температури. Тоа ќе предизвика деформации.
Немојте да ги користите 3D очилата додека одите или се
движите. Тоа може да предизвика незгода или повреда.
Внимавајте очите да не ви дојдат до допир со рамките од 3D
очилата.
Немојте да гледате 3D содржини доколку имате
фотосензитивни напади, епилепсија или срцева болест.
7

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents