Samsung Q700T User Manual page 265

Hide thumbs Also See for Q700T:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
После поправката од страна на неовластен сервис, само-поправка или непрофесионална поправка на
производот, Samsung не е одговорен за каква било штета на производот, за каква било повреда или за
кое било друго прашање во врска со безбедност на производот предизвикано од обид за поправка при
што не се следени внимателно овие упатства за поправка и одржување. Секое оштетување на производот
предизвикано од обид да се поправи производот од кое било друго лице, освен овластени сервисни
центри на Samsung, нема да бидат опфатени со гаранцијата.
Посетете ја samsung.com/support за да пронајдете понатамошни информации за надворешниот адаптер
за напојување и далечинскиот управувач во врска со Директивата на ЕУ Екодизајн - регулатива ЕРП
Samsung изјавува дека оваа радио опрема е во сообразност со Директивата 2014/53/ЕУ и соодветните
законски барања на Обединетото Кралство.
Целосниот текст на изјавата за сообразност е достапна на следнава интернет-адреса:
http://www.samsung.com, одете во делот за Поддршка и внесете го името на моделот.
Оваа опрема може да се употребува во сите држави на ЕУ и во Обединетото Кралство.
Функцијата за 5 GHz WLAN(Wi-Fi) на оваа опрема може да се користи само во затворени простории.
Макс. моќност на предавателот за BT: 100 mW при 2,4 GHz - 2,4835 GHz
Макс. моќност на предавателот за Wi-Fi: 100 mW при 2,4 GHz-2,4835 GHz, 200 mW при 5,15 GHz-5,25 GHz,
100 mW 5,25GHz-5,35 GHz & 5,47 GHz-5,725 GHz
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - ЗА ДА СПРЕЧИТЕ ПОЈАВА НА ПОЖАР, СЕКОГАШ ЧУВАЈТЕ ГИ СВЕЌИТЕ
ИЛИ ДРУГИТЕ ИЗВОРИ НА ОТВОРЕН ОГАН ПОДАЛЕКУ ОД ОВОЈ ПРОИЗВОД.
Правилно депонирање на овој производ (Отпадна електрична и електронска опрема)
(Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)
Оваа ознака на производот, галантеријата или литературата посочува дека производот и
неговата електронска дополнителна опрема (на пр. полнач, слушалки со микрофон, USB
кабел) не треба да се отстранат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот
од работниот век. За да се спречи можна штета врз околината или човечкото здравје од
неконтролирано отстранување на отпад, ве молиме одделете ги овие предмети од другите
видови на отпад и рециклирајте ги за да промовирате повторно користење на материјалите.
Физичките лица можат да се обратат или во продавницата каде што го купиле овој производ
или во службите на локалната самоуправа, за детали каде и како да извршат рециклирање
на производот на начин безбеден по околината.
Деловните корисници треба да се обратат до својот набавувач и да ги проверат условите и
одредбите од договорот за купување. Овој производ и неговата електронска дополнителна
опрема не треба да се отстранува заедно со другите комерцијални видови на отпад.
Правилно депонирање на батериите од овој производ
(Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)
Оваа ознака на батеријата, прирачникот или пакувањето посочува дека батериите од овој
производ не треба да се отстранат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот
од работниот век. Ознаките за хемиските симболи Hg, Cd или Pb посочуваат дека батеријата
содржи жива, кадмиум или олово над референтните нивоа од директивата EC 2006/66.
Доколку батериите не се депонираат правилно, овие супстанци можат да предизвикаат
штети на човековото здравје или опкружувањето.
За заштита на природните ресурси и промовирање на повторната употреба на материјалите,
одделете ги батериите од останатите видови на отпад и рециклирајте ги со помош на
бесплатниот локален систем за рециклирање на батерии.
Македонски - 23

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Q900tQ800t

Table of Contents