Makita DCL280F Instruction Manual page 49

Hide thumbs Also See for DCL280F:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Додаток за агли + продолжна цевка
(права цевка)
На тесни недостапни места, каде што
правосмукалката не може да се протне или
на високи недофатни места, користете го овој
распоред.
► Сл.27: 1. Додаток за агли 2. Продолжна цевка
3. Тело на правосмукалката
Чистење без додаток
Може да собирате прашина и прав без додатокот.
► Сл.28
За собирање прав на подот или во стоечка положба,
погодно е да прикачите продолжна цевка на
правосмукалката.
► Сл.29: 1. Продолжна цевка
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
По употреба
ЗАБЕЛЕШКА:
Ако ја потпрете
правосмукалката на ѕид без никаква поддршка,
може да падне и да се оштети.
► Сл.30
Чистење
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не раздувувајте го правот
залепен на правосмукалката со помош на
компримиран воздух. Со тоа ќе се внесе прав во
куќиштето и ќе се предизвика дефект.
ЗАБЕЛЕШКА:
По миењето, филтрите
треба целосно да се исушат пред употреба.
Недоволно исушените филтри може да
предизвикаат намалување на моќта на смукање и
скратување на работниот век на моторот.
ЗАБЕЛЕШКА:
По чистењето на филтрите и
сунѓерестиот филтер, не заборавајте повторно
да ги монтирате пред употреба. Ако ја користите
правосмукалката без филтрите и сунѓерестиот
филтер, правот ќе влезе во куќиштето на моторот
и ќе предизвика дефект.
Тело на правосмукалката
Од време на време бришете ја надворешноста
(телото на правосмукалката) на правосмукалката со
помош на крпа натопена во вода со сапуница.
Исчистете ги и пределите кај отворот за смукање и
областа за монтирање на филтрите.
► Сл.31
Филтер со високи перформанси
Ако го измиете филтерот со сапуница кога е затнат
со прав, ќе се намали моќта на правосмукалката.
Целосно исушете го пред употреба.
► Сл.32
HEPA-филтер
Опционален прибор
ЗАБЕЛЕШКА:
HEPA-филтерот со тврди предмети, како на
пример, четка или лопатче.
Затнатиот HEPA-филтер го отежнува смукањето.
Одвреме-навреме, чистете го филтерот.
Повремено, мијте го HEPA-филтерот со вода,
исплакнете го и оставете го целосно да се исуши
под сенка пред употребата. Никогаш не мијте го
филтерот во машина за перење.
► Сл.33
Сунѓерест филтер
Кога сунѓерестиот филтер ќе се извалка, исчистете
го на следниов начин.
1.
Отстранете го филтерот.
2.
Извлечете го сунѓерестиот филтер од столпчињата.
3.
Исчистете го сунѓерестиот филтер со тапкање или
миење. Ако го миете, целосно исушете го пред употреба.
4.
Вметнете го сунѓерестиот филтер меѓу
столпчињата и поставете го во оригиналната
позиција. Уверете се дека секоја долна ивица на
столпчето го држи сунѓерестиот филтер надолу и
дека нема слободен простор помеѓу сунѓерестиот
филтер и отворот за смукање.
► Сл.34: 1. Сунѓерест филтер 2. Долна ивица на
столпче
Ѕиден носач за безжична
правосмукалка
Опционален прибор
НАПОМЕНА: Не е вклучен шрафот за монтирање
на држачот. Подгответе шраф што одговара на
материјалот во кој ќе се шрафи.
Поставете го ѕидниот носач за безжична
правосмукалка на тврд дрвен ѕид, греда или столб,
каде што ѕидниот носач за безжична правосмукалка
може цврсто да се затегне. Пред да ја закачите
правосмукалката, секогаш внимавајте ѕидниот носач
за безжична правосмукалка добро да е прицврстен.
► Сл.35: 1. Ѕиден носач за безжична
правосмукалка
49 МАКЕДОНСКИ
Не тријте го и не гребете го

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents