Makita DUM604 Instruction Manual page 63

Cordless
Hide thumbs Also See for DUM604:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Висината на стрижење може да се постави на
три нивоа (15 мм, 20 мм и 25 мм) со промена на
фиксната позиција на примачот на трева. Висината
на стрижење без примачот на трева е околу 10 мм.
1.
Лизгајте го примачот на трева кон предниот дел на алатот.
► Сл.5: 1. Примач на трева
2.
Променете ја фиксната позиција на примачот
на трева со поместување во насока на стрелката.
► Сл.6
НАПОМЕНА: Водете се спрема вредноста на
висината на стрижење. Вистинската висина
на стрижење може да варира во зависност од
состојбата на тревникот или земјата.
НАПОМЕНА: Направете пробно стрижење на
тревата на понезабележливо место за да ја
добиете саканата височина.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш кога ги заменувате
сечилата за стрижење носете ракавици и
прикачете го капакот за сечилото, така што
рацете и лицето да не дојдат во директен
допир со сечилата.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога ги заменувате сечилата за
стрижење, не бришете ја маста од запченикот
и курблата.
Монтирање или вадење на
капакот за сечилото
ВНИМАНИЕ:
Внимавајте да не ги допрете
сечилата за стрижење кога го монтирате или
вадите капакот за сечилото.
За да го извадите капакот за сечилото, полека
повлечете го и потоа лизгајте го странично. За да го
монтирате капакот за сечилото, извршете ги горните
чекори по обратен редослед.
► Сл.7
Монтирање или вадење на
примачот на трева
ВНИМАНИЕ:
При монтирање или вадење
на примачот на трева, не заборавајте да
го прикачите капакот за ножот и бидете
внимателни да не си ги фатите прстите помеѓу
алатот и примачот на трева.
Вадење на примачот на трева
1.
Ослободете ги испакнатините на примачот на
трева од жлебовите на алатот додека го лизгате
примачот на трева кон предниот дел на алатот.
► Сл.8: 1. Примач на трева
2.
Ослободете ја шарката на примачот на трева
од алатот.
Монтирање на примачот на трева
1.
Закачете ја шарката на примачот на трева за
жлебот на алатот.
► Сл.9: 1. Шарка 2. Примач на трева
2.
Изедначете ги испакнатините на примачот
на трева со жлебовите на алатот со лизгање на
примачот на трева кон предниот дел на алатот и
движејќи го во насока на стрелката.
► Сл.10
ЗАБЕЛЕШКА:
примачот на трева на алатот на сила откако сте
ги изедначиле испакнатините на примачот на
трева со жлебовите на алатот.
Монтирање или вадење на
сечилата за стрижење за ножици
за трева
Вадење на сечилата за стрижење
1.
Извадете го примачот на трева и поставете го
алатот наопаку.
► Сл.11
2.
Додека притискате на рачката за блокирање,
свртете го лежиштето налево додека
лежиштето не се изедначи со
блокирање.
► Сл.12
3.
Извадете ги лежиштето, сечилата за стрижење
и курблата.
► Сл.13: 1. Лежиште 2. Сечила за стрижење
3. Курбла
Монтирање на сечилата за
стрижење
1.
Подгответе ги курблата, лежиштето и новите
сечила за стрижење.
► Сл.14: 1. Курбла 2. Лежиште 3. Сечила за
стрижење
2.
Извадете го капакот за сечилото од старите
сечила за стрижење, а потоа прикачете го на новите.
► Сл.15
3.
Нагодете ги трите игли, така што ќе бидат
наредени во линија на трасата.
► Сл.16: 1. Траса
4.
Нанесете мала количина масло на
периферијата на курблата. Прикачете ја курблата
на игличките со нејзините мали и големи тркала
свртени нагоре.
► Сл.17: 1. Курбла
5.
Нагодете ги сечилата и основната плоча,
така што отворот на основната плоча и двете
испакнатини на сечилата ќе бидат изедначени.
► Сл.18
63 МАКЕДОНСКИ
Не закачувајте ја шарката на
на
на лостот за

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents