Milwaukee HEAVY DUTY 2216-40 Original Instructions Manual page 52

Table of Contents

Advertisement

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите
безбедносни упатства и инструкции. Заборавање
на почитувањето на безбедносните упатства и
инструкции можат да предизвикаат електричен удар,
пожар и/или тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и
инструкции за во иднина.
СПЕЦИЈАЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
Мерен апарат
Не извршувајте мерења во струјни кола со напони
над 600 V. Употребувајте само контролни кабли што
се наменети за 600 V или повеќе.
Не ги допирајте мерните врвови за време на
мерењето.
За избегнување опасност од електричен удар при
мерење на отпорот, контрола на протокот и мерење
на капацитетот, ваквите мерења никогаш не ги
вршете под напон.
Не вршете мерења во простории со лесно запаливи
гасови. Употребата на мерниот апарат може да
предизвика искри, што може да доведе до
експлозија.
Не го употребувајте мерниот апарат доколку
куќиштето или Вашата рака е влажна.
Не ги пречекорувајте максималните дозволени
влезни вредности за овој мерен апарт.
Вршете мерење на струјни кола под напон само
доколку тоа е безусловно неопходно.
Најпрво тестирајте го функционирањето на мерниот
апарат на некое познато коло. Секогаш поаѓајте од
тоа, дека струјното коло е под напон, сè додека не
се потврди дека истото не е под напон.
Не се заземјувајте за време на мерењето.
Избегнувајте контакт на телото со заземјени делови
како што се цевки, грејни тела, печки или
фрижидери.
Никогаш не го отворајте капачето од фахот за
батерија за време на мерење.
Употребувајте го мерниот апарат само за
предвидените употреби и во предвидените услови
на опкружувањето. Во спротивно безбедносните
функции на мерниот апарат не можат да
функционираат уредно и можно е да дојде до тешки
телесни повреди односно оштетувања на мерниот
апарат.
За избегнување на опасноста од електричен удар
или светлински лак, носете соодветна заштитна
облека во опкружување од кабли под напон.
Никогаш не вршете мерења со дефектен мерен
апарат, на пример при оштетено куќиште или
положени метални делови врз мерниот апарат.
Не го притискајте тркалцето за нагодување кога се
приклучени контролните кабли.
Не нанесувајте дополнителни делови на мерниот
апарат и не правите измени на мерниот апарат. За
поправка или рекалибрација испратете го мерниот
апарат во овластена служба за клиенти на
Milwaukee.
Употребувајте со Milwaukee мерниот апарат само
контролни кабли на Milwaukee. Проверете ги
контролните кабли пред употребата по однос на
нивно оштетување.
Мерни категории и нивно значење според IEC
61010-1:
CAT III: мерења во инсталација на објект:
102
МАКЕДОНСКИ
стационарни потрошувачи, дистрибуциски
приклучок, апарати фиксни на дистрибутер.
СПЕЦИЈАЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
Батерии
За беспрекорна работа во апаратот мора да бидат
уредно ставени 2-AA батерии. Не употребувајте
други видови на напојување со напон или струја.
Секогаш чувајте ги батериите вон дофат на деца.
Не употребувајте мешавина од нови и употребувани
батерии. Не употребувајте мешавина од батерии на
различни производители (или различни типови од
еден производител).
Не употребувајте истовремено батерии што можат
да се полнат и батерии што не можат да се полнат.
Ставајте ги батериите според симболите + / – .
Искористените батерии отстранете ги веднаш
уредно.
Киселината од оштетените батериите може да
истече при екстремен напон или температури.
Доколку дојдете во контакт со исатата, измијте се
веднаш со сапун и вода. Во случај на контакт со
очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и
задолжително одете на лекар.
Овој уред не е наменет за употреба од страна на
лица (вклучувајќи и деца) со ограничени физички,
сензорни или ментални способности или со
недостаток на искуство и / или недостаток на
знаење, освен доколку тие лица се под надзор на
лице, кое е надлежно за нивната безбедност, или
доколку од тоа лице добиваат инструкции за тоа,
како да се користи апаратот. Децата треба да бидат
под надзор за да бидете сигурни, дека тие не играат
со апаратот.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Мерниот апарат е погоден за мерење на следните
параметри: наизменична струја, еднонасочна струја,
наизменичен напон, еднонасочен напон,
фреквенција, електричен отпор, контрола на
електричен проток, капацитет на кондензатор. Овој
апарат смее да се употребува само за мерење на
претходно наведените параметри.
ФУНКЦИЈА ЗА АВТОМАТСКО ИСКЛУЧУВАЊЕ
Апаратот се исклучува по 20 минути, доколку во овој
период не се притисне тастер или придвижи
тркалцето за нагодување. За да продолжите да го
користите апаратот, свртете го тркалцето за
нагодување во позиција „OFF". Доколку дисплејот не
прикажува ништо откако тркалцето за нагодување е
свртено во нова позиција, тогаш мора да се заменат
батериите. И покрај автоматското исклучување
апаратот сè уште троши струја. Затоа е потребно
апаратот секогаш да се исклучува на тркалцето за
нагодување, доколку повеќе не се употребува.
РАБОТНИ УПАТСТВА
Пред мерење поставете го тркалцето за нагодување
на саканата позиција.
Вклучете ги контролните кабли цврсто во мерниот
апарат.
Не го изложувајте мерниот апарат на директно
зрачење на сонце, високи температури, виска
влажност на воздух или утринска роса.
Употреба на надморска височина до 2000 m.
Соодветна температура на опкружувањето --10°C -
50°C.
Овој мерен апарат е заштите од прашина и вода
според IP54. Мерниот апарат не е отпорен на
прашина и вода.
По употреба исклучете го мерниот апарат. Доколку
мерниот апарат не се употребува подолг период, во
тој случај отстранете ги батериите.
Чистете го мерниот апарат со влажна крпа или меко
средство за чистење. Не употребувајте средства за
триење или разредувачи.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни
делови. Доколку некои од компонентите кои не се
опишани треба да бидат заменети, Ве молиме
контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee
(консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен
детален приказ на алатот. Ве молиме наведете го
бројот на артиклот како и типот на машина кој е
отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата кај
локалниот застапник или директно кај: Milwaukee
Electric Tool, Max-Eyth-Straße 10, D-71364 Winnenden,
Germany.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате
машината обрнете внимание на
упатствата за употреба.
Не ги фрлајте електричните апарати
заедно со другиот домашен отпад!
Европска регулатива 2002/96/EC за
одлагање на електична и електронска
опрема и се применува согласно
националните закони. Елекричните
апарати кои го достигнале крајот на
својот животен век мора да бидат
одвоено собрани и вратени во
соодветна рециклажна установа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Со цел за избегнување електричен
удар, пред отворање на куќиштето
или отстранување на батеријата
отстранете ги контролните кабли.
Маса
Заштитна изолација
Не вршете мерења во струјни кола со
>600 V
напони над 600 V.
Не ги допирајте мерните врвови за
време на мерењето.
МАКЕДОНСКИ
103

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

40004273102216-40

Table of Contents