Поставување На Режимот Уметност - Samsung The Frame User Manual

Hide thumbs Also See for The Frame:
Table of Contents

Advertisement

Поставување на режимот Уметност
Во режимот Уметност, искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да преминете
на опцијата Поставување на крајот од менито. Може да ги прилагодите следните функции:
• Интензитет
Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да го поместите означувањето
врз Менувај во горниот дел, а потоа притиснете го копчето Изберете. Прилагодете ја светлината на
сликата на следниот екран. Откако ќе ги изберете саканите поставки, притиснете го копчето Изберете
на далечинскиот управувач.
– За да веднаш поставите Интензитет додека е активен режимот Уметност, притиснете го копчето
на далечинскиот управувач.
• Исклучи по
Ако не се откријат никакви движења во близина на телевизорот во определениот временски период,
тогаш телевизорот ќе се исклучи автоматски. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот
управувач за да го поместите означувањето врз опциите погоре. Откако ќе го изберете саканото
време, притиснете го копчето Изберете на далечинскиот управувач.
• Детектор на движење
Чувствителноста на детекторот за движења може да се прилагоди. Искористете ги копчињата за
насока на далечинскиот управувач за да го поместите означувањето врз опциите погоре. Откако ќе ја
изберете саканата чувствителност, притиснете го копчето Изберете на далечинскиот управувач.
• Night Mode
Кога оваа функција е вклучена, телевизорот се исклучува автоматски доколку тој не открие светлина
околу него. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да го поместите
означувањето врз опциите погоре, а потоа вклучете ја или исклучете ја оваа функција.
Отстранете слики од Моја колекција
Можете да ги отстраните зачуваните слики од Моја колекција.
1. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да преминете во Моја колекција.
2. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да преминете на функцијата
Омилени или Мои фотографии.
3. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да преминете во Опции+ во
горниот дел на екранот.
4. Поместете го означувањето врз Отстрани, а потоа притиснете го копчето Изберете на далечинскиот
управувач.
5. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да го поместите означувањето
врз некоја слика, а потоа притиснете го копчето Изберете.
– Може да изберете повеќе слики.
6. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да преминете на опцијата
Отстрани го избраното во горниот дел на екранот, а потоа притиснете го копчето Изберете.
Македонски - 17

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents