Samsung The Frame User Manual page 345

Hide thumbs Also See for The Frame:
Table of Contents

Advertisement

Увезете слики од надворешен уред за складирање
1. Приклучете надворешен уред за складирање кој содржи слики во телевизорот.
2. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да преминете во Моја колекција,
а потоа преминете во приклучениот надворешен уред за складирање.
3. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да го поместите означувањето
врз Зачувај во Мои фотографии во горниот дел на екранот, а потоа притиснете го копчето Изберете.
4. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да го поместите означувањето
врз некоја слика, а потоа притиснете го копчето Изберете.
– Може да изберете повеќе слики.
5. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да го поместите означувањето
врз Зачувај избрано во горниот дел на екранот, а потоа притиснете го копчето Изберете.
6. Избраната слика или слики ќе се зачуваат во Мои фотографии.
• Препорачани резолуции: 3840 x 2160 (16:9)
Купување слики од Продавница за уметност
1. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да преминете во Продавница за
уметност.
2. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да го поместите означувањето
врз некоја тема и притиснете го копчето Изберете. Може да ги изберете сите споредни теми или
слики на екранот.
– Влезната патека може да се разликува во зависност од темата.
3. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да го поместите означувањето
врз некоја слика и притиснете го копчето Изберете.
4. Користете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да го поместите означувањето врз
Опции+ во горниот дел на екранот, а потоа изберете Добиј пробно членство или Купи за да ја купите
избраната слика.
– Ќе се прикаже Добиј пробно членство ако немате Членство во продавницата за уметност.
5. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да изберете начин на плаќање, а
потоа притиснете го копчето Изберете.
6. Следете ги инструкциите на екранот за да извршите плаќање.
Претплаќање на Членство во продавницата за уметност
Кога ќе се претплатите на Членство во продавницата за уметност ќе можете да ја користите услугата
Продавница за уметност неограничено и ќе уживате во различни уметнички дела што може да ги
замените со нови по ваша желба.
1. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да преминете во Продавница за
уметност.
2. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да преминете во Членство.
3. Следете ги инструкциите на екранот за да ги внесете вашите податоци за членство.
Македонски - 15

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents