Вовед
Честитки за купеното и добре дојдовте во Philips! За целосно да
ја искористите поддршката која ја нуди Philips, регистрирајте го
вашиот производ на www.philips.com/welcome.
Користете го AirFloss со омиленото средство за плакнење на
устата како дел од вашата рутина за орална нега. Освен
четкањето, AirFloss помага да се намали забниот камен помеѓу
забите со цел да се подобри здравјето на непцата.
Важно
Внимателно прочитајте го ова упатство пред да го користите
уредот и зачувајте го за во иднина.
Опасност
- Држете го полначот подалеку од вода. Не поставувајте го или
складирајте го над или во близина на вода во кадата, кабината
за бањање, мијалникот и слично. Не потопувајте го полначот
во вода или која било друга течност. По чистењето, проверете
дали полначот е целосно сув пред да го поврзете на
електрична струја.
Предупредување
- Кабелот за напојување не може да се замени. Доколку е
оштетен, фрлете го.
- Секогаш заменувајте го полначот со друг од оригинален тип
со цел да се избегне опасност.
- Ако уредот се оштети на кој било начин (млазницата, рачката
и/или полначот на AirFloss), престанете да го користите.
- Уредов не содржи делови што се сервисираат. Ако уредот се
оштети, контактирајте со Центарот за грижа на корисниците
во вашата држава (погледнете во поглавјето „Гаранција и
поддршка").
- Не користете го полначот надвор или во близина на загреани
површини.
Македонски
Македонски
137