Download Print this page

Philips BRE605 Manual page 19

Hide thumbs Also See for BRE605:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
- Не користете го уредот доколку немате
нормална чувствителност на кожата во
областите за кои е наменет уредот без да се
консултирате со доктор.
- Првиот пат кога ќе го користите уредот, вашата
кожа може да стане црвеникава и иритирана.
Оваа појава е сосема нормална и брзо
исчезнува. Колку почесто го користите уредот,
вашата кожа се навикнува и иритацијата се
намалува. Доколку иритацијата не исчезне во
рок од три дена, ве советуваме да се
консултирате со лекар.
- Ако почувствувате ненормална болка или
непријатност за време на користењето,
престанете да го користите уредот и
консултирајте се со доктор.
- За да спречите оштетување и повреди, држете
го вклучениот уред (со или без додаток)
подалеку од коса, веѓи, трепки, облека итн.
- Не користете ги додатоците за прецизно
отстранување на влакната без чешелот на
интимните делови, освен на препоните, бидејќи
тоа може да доведе до повреда.
- Не користете четка за ексфолијација веднаш по
депилацијата, бидејќи тоа може да ја зголеми
потенцијалната иритација на кожата
предизвикана од депилацијата.
- Не користете масла за капење или туширање
кога ќе депилирате влажна кожа, бидејќи тоа
може да предизвика сериозна иритација на
кожата.
- Полнете го, користете го и чувајте го уредот на
температура помеѓу 10°C и 35°C
- Доколку вашиот уред е опремен со светло за
оптимална употреба, не гледајте директно во
светлото.
- Никогаш не користете компримиран воздух,
абразивни сунѓери, абразивни средства за
чистење или агресивни течности за чистење на
уредот.
Електромагнетни полиња (EMF)
- Овој Philips уред е во согласност со сите
важечки стандарди и регулативи во врска со
изложеноста на електромагнетни полиња.
Општо
- Овој уред е водоотпорен (Сл. 2). Тој е погоден
за употреба во бањата или под туш и за
чистење под млаз вода. Затоа, од безбедносни
причини, уредот може да се користи само без
кабел.
- Уредот е погоден за мрежен напон од 100 до
240 волти.
- Единицата за напојување го трансформира
напонот од 100-240 волти во безбеден низок
напон од помалку од 24 волти.
- Максимално ниво на бучава: Lc = 77 dB(A).
Гаранција и поддршка
Доколку ви се потребни информации или
поддршка, посетете ја страницата
www.philips.com/support или прочитајте го
летокот со меѓународната гаранција.
Ограничување на гаранцијата
Деловите што се подложни на нормално абење
(како деловите за сечење и дисковите за
отстранување мртва кожа) не се опфатени со
меѓународната гаранција.
Рециклирање
- Овој симбол означува дека овој производ не
треба да се фрла заедно со обичниот отпад од
домаќинствата (2012/19/EU) (Сл. 3).
- Овој симбол означува дека овој производ
содржи вградена батерија на полнење која не
треба да се фрла со обичниот отпад од
домаќинствата (Сл. 4) (2006/66/EC). Строго ви
препорачуваме да го однесете вашиот
производ до назначено место за собирање или
сервисен центар на Philips за да може
професионално лице да ја отстрани батеријата
на полнење.
- Придржувајте се до правилата во вашата земја
за посебно собирање на електрични и
електронски производи и батерии на полнење.
Правилното отстранување помага да се
спречат негативни последици за животната
средина и здравјето на човекот.
Вадење на батеријата на полнење
Вадете ја батеријата на полнење само кога ќе
го фрлате уредот. Пред да ја отстраните
батеријата, проверете дали уредот е исклучен
од ѕидниот штекер и дали батеријата е целосно
празна.
Преземете ги сите неопходни мерки на
претпазливост кога ракувате со алати за
отворање на уредот и кога ја фрлате батеријата
на полнење.
Извадете го задниот и/или предниот панел од
1
уредот со шрафцигер. Отстранувајте ги сите
завртки и/или делови с додека не ја видите
печатената плоча со батеријата на полнење.
2 Извадете ја батеријата на полнење.

Advertisement

loading