Карактеристики
Најавување со еден допир. Без лозинка
На компјутерот има копче за вклучување/исклучување со сензор за отпечаток од прст.
Поставете лозинка и PIN во Windows Hello и додајте отпечаток од прст. Потоа може да го
вклучите и отклучите вашиот компјутер само со притискање на копчето за вклучување/
исклучување без да треба да ја внесете лозинката. Брзо е и безбедно.
•
Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да се најавите на вашиот
компјутер кога е исклучен или е во режим на мирување.
•
Допрете го копчето за вклучување/исклучување за да го отклучите вашиот компјутер
кога екранот е вклучен.
Може да додадете најмногу 10 групи отпечатоци од прсти.
Вратете ги фабричките поставки
Пред да ги вратите фабричките поставки, поврзете го вашиот компјутер на извор на
напојување и направете резервна копија од податоците што се наоѓаат на дискот C.
Исто така, прво може да пристапите до екранот за резервна копија и обновување и
да ги следите упатствата на екранот за да направите резервна копија од податоците
што се наоѓаат на дискот C.
Притиснете и задржете F10 при вклучувањето за да влезете во екранот за враќање на
фабричките поставки. Следете ги упатствата на екранот за да го вратите вашиот
компјутер на фабричките поставки.
133